„Не ми е јасно зошто некој смета дека возењето без аеродинамичните крилца на патеката на Филип Ајленд е подобро. Не верувам дека тоа е точно.“
Додаден е исклучок на аеродинамичните правила во MotoGP сезоната 2020. За време на Австралиската Гран При трка тимовите ќе можат да ги тргнат страничните, аеродинамични додатоци.
Нормално, ваквата промена би значело и измена на дизајнот а тоа не е дозволено според новите хомологациски правила.
„Поради безбедносни причини, на тимовите им е дозволено да ги отстранат страничните додатоци. Сите промени мораат да бидат претходно одобрени од техничкиот директор“, се наведува во новиот правилник на патеката.
Ваквата одлука е донесена поради силниот ветер кој ја попречи квалификациската сесија минатата година. Според организаторите, силниот ветер би можел да ги истурка возачите надвор од патеката.
Но возачот на Ducati, Андреа Довициозо не верува дека ова е исправна одлука.
„Не ми е јасно зошто некој смета дека возењето без аеродинамичните крилца на патеката на Филип Ајленд е подобро. Не сум убеден во тоа“, вели Италијанецот.
„Мислам дека додатоците прават предниот дел од мотоциклот да биде понизок а тоа е подобро кога има ветер.“
„Секако дека додатоците имаат и недостатоци на пример кога го навалувате мотоциклот, тој станува потежок.“
„Не знам дали измената на правилата ќе направи некаква драстична разлика на трката.“
Во моментов оваа забрана важи само за трката која се вози на Филип Ајленд а првите луѓе на серијата ќе одлучат дали таа ќе може да се примени и на други патеки доколку има лоши временски услови.

Коментари