Во четвртото продолжение од прегледот на новата MotoGP сезона, зборуваме за шансите на Yamaha, тимот кој е решен да ги врати славните денови....

Тим: Monster Energy Yamaha MotoGP

Возачи: Валентино Роси, Маверик Вињалес

Тест возач: Јонас Фолгер

Мотоцикл: Yamaha M1

Најдобро пласиран возач во 2018 година: Валентино Роси, 3-то место

Најдобар резултат во 2018 година: 1-то место, Маверик Вињелес

Најдобар резултат на тестовите: 1-ви (Валенсија), 4-ти (Херез), 5-ти (Сепанг), 1-ви (Катар)

Во текот на изминативе осумнаесет месеци, имаше добра причина со резерва да се земат позитивните сигнали кои доаѓаат од кампот на Yamaha. Многу често Маверик Вињалес позитивно го завршуваше денот посветен на тестови но веднаш потоа беа откривани нови проблеми. На моменти беше многу тешко да се каже дали прогресот е вистински.

При секое појавување на зимските тестови, постоеше сомневање дека наскоро ќе дојде и добриот резултат. Перформансите како и реакцијата на возачите ни сугерира дека тимот од Ивата повторно бележи напредок.

„Секако дека мораме да напредуваме,“ изјави Масимо Мерегали, тимски менаџер на Monster Energy Yamaha. На патеката во Катар ниту еден возач не успеа да го надмине темпото на Вињалес.

Yamaha Preview Txt 1 07 03

Можеби она што е уште поважно се зборовите на возачите кои говореа за реорганизацијата внатре во тимот за време на долгата зимска пауза. Не само што во Такахиро Суми имаме нов лидер на проектот туку и Вињалес и Роси имаат нови членови на своите екипи. Sepang Racing, кој е нов сателитски тим на Yamaha и за кој настапуваат Франко Морбидели и Фабио Куартараро, обезбедија дополнителни податоци за мотоциклот.

„Многу сум среќен поради атмосферата во тимот како и размената на податоци“ , изјави Роси во Малезија. „Изгледа дека Yamaha е решена да се подобри. Ова е навистина важно.“ Вињалес пак вели: „За две години, ова е првиот тест на кој имаме напредок.“

Но иако Вињалес покажа конзистентност, сепак не можеме да кажеме дека Yamaha конечно ја надмина кризата. Промената на спецификациите на моторот се чини дека ја подобри брзината при влегување во свиок. Но и двајцата возачи на крајот се пожалија на проблеми со забрзувањето.

Италијанецот, кој веќе наполни 40 години, е скептичен дека моменталниот пакет со кој располага тимот ќе може да им се спротистави на Honda и Ducati. „Имаме напредок но сепак мислам дека ни треба нешто повеќе доколку сакаме да ги стигнеме фабричките тимови на Honda и Ducati“, изјави Роси по завршувањето на третиот ден од тестовите во Катар.

Од сите проблеми кои продолжија да го мачат тимот на Yamaha во текот на 2018 година, беше чудно да се слушне возачите како зборуваат за проблемите со електрониката. Ова беше проблем кој за прв пат се појави во 2016 година , односно годината кога за прв пат беше имплементиран Magneti Marelli софтверот.

Yamaha Preview Txt 2 07 03

Конечно, се чини дека е посветено внимание на овој проблем. Не само што Микеле Гада, познат по работата на електрониката на супербајк мотоциклот на Ducati, премина во тимот туку и Европската база на Yamaha презеде поголема одговорност.

„Имаме неколку групи распоредени на неколку места ширум Европа. Нивната интеракција со вработените во Јапонија ќе биде многу важна “, изјави Џарвис на почетокот на февруари.

Ова е особено важно бидејќи возачите неколку пати досега се пожалија на слабата коминукација со тимот во Јапонија.

„Тоа е област во која можеме да додадеме повеќе инжинери“ , објасни Мерегали. „Исто така, ќе го забрзаме целиот процес и ќе работиме на стратегијата. Тоа ни дава дополнителна возраст. Започнавме со ова минатата година и групата во овој период стана навистина солидна.“

Yamaha Preview Txt 4 07 03

Но после само една победа на дваесет и седум трки, мораше да дојде до некаква промена.

Поранешниот лидер на тимот, Коуџи Цуа си замина а на негово место дојде Суми Сан.

Иако не сакаше да открие премногу информации, Мерегали сепак соопшти неколку работи за првичниот импакт на Суми. „Не очекував да се случи ова толку бргу. Новиот лидер на проектот го промени начинот на кој работат во Јапонија. Тоа е навистина добро. Имавме навистина добро чувство откако ни објасни како дополнително да го развиеме мотоциклот.“

Додадете го на ова и ново формираниот Европски тест тим кој ќе го предводи Јонас Фолгер и ќе ви стане јасно зошто фабриката од Ивата се надева дека конечно се надминати проблемите.

Минатогодишниот мотоцикл беше премногу агресивен при помал број на вртежи. Вињалес постојано се жалеше на моторното сопирање и тоа што не може посилно да притисне на сопирачките.

Но сега и двајцата возачи се согласни дека мотоциклот е одличен при влегување во свиок. „Ми се допаѓа предниот дел од мотоциклот. Имам добро чувство и мислам дека ќе можам да притиснам повеќе.“

Мерегали додава: „Го подобривме моторното сопирање и тоа ни помогна при влегување во свиоците. Маверик имаше големи проблеми со ова минатата година. Но сега тој го користи целиот потенцијал.“

За време на тестовите, издржливоста на пневматиците беше добра. Подобрувања се потребни само при излегување од свиоците а Вињалес верува дека треба да се подобри и електронскиот пакет.

Yamaha Preview Txt 3 07 03

Маркез можеби го измеваше поради промената на бројот со кој настапува, но 2019 година преставува можност за нов почеток за Вињалес. Каталонецот делува многу посмирено во споредба со минатата сезона. Очигледно беше дека до средината на минатата година дојде до целосен прекин на комуникацијата со шефот на екипата, Рамон Форкада. За разлика од него, на новиот член на екипата, Естебан Гарсија, можеби му недостасува искуство со М1 но тоа сигурно го надополнува со јасна комуникација како и добар план за кој сите се согласни.

„Имам голема доверба во Естебан“, изјави тој. „Доброто е што направивме план и докрај го следиме. Не променивме ништо. “

Новиот тренер на возачите, Јулиан Симон, исто така покажа дека е од корист а одличен пример за тоа е добриот настап на Вињалес. Само 53 минути од неговиот прв настап во 2019 година на патеката во Сепанг, Вињалес веќе беше во водство. Му беа потребни само шест круга за го подобри резултатот кој го постигна минатата година.

Вињалес ја одби можноста да разговара со спортски психолог и наместо тоа одлучи неговиот пристап да биде што е можно поедноставен. „Во еден момент одлучив да го променам начинот на кој размислувам. Се обидов да останам релаксиран“, изјави тој. „Работите ги правам да бидат едноставни. Сакам само да се качам на мотоциклот, да дадам се од себе и потоа информациите кои ќе ги соберам да ги искористиме за подобрување на мотоциклот.“

Мерегали вели: „Тој сега има техничари кои одблизу соработуваат со него. Тие добро се познаваат меѓусебно. Работеа заедно кога ја освои титулата во Moto3 серијата. Мислам дека сега атмосферата во тимот е токму онаква каква што сакаше да биде.“

Ова е навистина важно. Се досега, претсезонските подготовки поминаа без никакви проблеми. Но како Вињалес ќе се справи со се она што ќе се појави пред него, ќе ја дефинира неговата сезона.

Yamaha исто така се промени. Можноста да имаат повеќе мотоцикли на патеката сигурно ќе допринесе кон остварување на подобри резултати. Ducati и Honda во изминативе сезони имаа голема корист од сателистките тимови. А големиот буџет кој го има Sepang Racing им овозможи на Морбидели и Куартараро да настапат со мотоцикл кој ги има најновите спецификации.

Талентот на Морбидели комбинирано со искуството кое го има новиот шеф на тимот, ќе биде од голема корист за инжинерите. „Заедно со Франко тука е и Рамон кој е еден од најискусните инжинери“, изјави Мерегали.

„Заедно со него, Силвано и Естебан, мотоциклот ќе продолжи да напредува. Вака беше и во минатото, помеѓу Tech 3 и фабричкиот тим, но мотоциклот не беше ист.“

„Сега Франко го има истиот мотоцикл како и ние а и машината на Фабио не е премногу различна. Тоа е навистина важно бидејќи на овој начин можете да направите споредба. Можете добро да ги споредите мотоциклите на една иста патека. Тоа е од голема корист.“

Yamaha Preview Txt 5 07 03

Вињалес, барем јавно, засега одбива да потврди дека цели кон првата позиција.

„Се уште е уште рано“, изјави Тој во Катар. „На тестовите бевме многу конзистентни, но тоа се само тестови. Треба да видиме како ќе се одвива ситуацијата за време на трката. Мислам дека ако добро се подготвиме, можеме да бидеме многу брзи.“

Роси во меѓувреме се надева дека повторно ќе му се врати препознатливата магија која го красеше на секоја трка во изминатите години.

„Според мене, мислам дека се уште имаме проблем со темпото, особено доколку се споредиме со најдобрите возачи. Но, Маверик е многу силен и тоа е позитивно за Yamaha. Тестот не беше воопшто лош а сега треба да видиме што ќе се случи во текот на трката.“

Back To Top