Како што беше очекувано, трката од МотоГП шампионатот во Херез официјално е одложена.

Трката која требаше да биде прва во календарот за МотоГП класата требаше да се вози од 3-ти до 5-ти мај на патеката Анхел Нието во Шпанија, но заради корона вирусот истата е одложена. 

15565506964795

Со оглед на тоа што претходно беа одложени сите трки (Катар беше откажана, а одложени се Тајланд, Америка и Аргентина) па календарот е видно променет од првично планираниот, надлежние се уште немаат датум за одржување на трката во Шпанија. Се очекува наскоро да биде објавен новиот календар, а се поизвесно е дека ќе бидат одложени и трките кои треба да се возат во Франција на 17-ти мај, а потоа и легендарната Муџело на 31-ви мај.

Back To Top