На денешниот состанок на ФИМ, ИРТА и Дорна Спорт беше одлучено да се одложат и трките во Италија и Шпанија.

Според планираниот календар трката на патеката Муџело требаше да се вози на 31-ви мај, а трката на патеката Каталуња на 7-ми јуни. Во согласност со препораките за заштита од корона вирусот и моменталната состојба со заразените во Италија и Шпанија надлежните сметаат дека до јуни ќе нема услови за одржување на трките. Во очекување сме на новиот календар откако претходната недела беа одложени и трките во Франција и Шпанија.

motogp odlozena

Со оглед на тоа што сите досегашни трки беа одложени, ќе биде тешко да се најде датум за презакажување на истите, но останува да видиме какво решение ќе најде Дорна. Следна трка во календарот за сега е Захсенринг во Германија на 21-ви јуни.

Back To Top