Иако сите со нетрпение го очекувавме претстојниот викенд, ладен туш дојде во текот на вчерашниот ден откако Дорна објави дека официјално ја откажува трката од МотоГП класата.

Патеката Лосаил во Катар требаше да биде домаќин на првата рунда од МотоГП шампионатот. Сепак заради корона вирусот и задолжителниот период на карантин од 14 дена на сите лица кои патуваат од Италија, Дорна се одлучи за непопуларниот чекор да ја откаже трката.

 lg84102 1.big

Тимовите и возачите од Мото2 и Мото3 класите веќе беа на патеката заради пред сезонскиот тест за нив немаше причина да се одложи трката. Викендов ќе можеме да ги проследиме трките од овие две класи, но за жал не и трката од „кралската“ класа.

И додека сѐ уште не бевме соземени од шокот дека нема да следиме ГП трка овој викенд, Дорна издаде уште едно соопштени. Се одложува и трката во Тајланд! 

За жал заради корона вирусот втората рунда од МотоГП шампионатот која требаше да се вози на патеката Бурирам на 22-ти март ќе биде одложена. Според соопштението надлежните бараат датум за кога би било соодветно да се презакаже, добро е што ќе се вози, нема да биде откажана, но неизвесно е кога.

Две недели подоцна треба да се вози трката за Големата Награда на Америка, но според нашите извори, неизвесни се трките не само во Америка, туку и следната во Аргентина. Доколку ова се покаже како точно првата трка во сезоната би можела да биде онаа на патеката Херез во Шпанија на 3-ти мај. Се надеваме дека нема да дојде до ова, но проблемот со вирусот во светски рамки ќе диктира 

Back To Top