(Време на читање: 1 - 2 минути)


Малата разлика во поразите на трките во Катар и Муџело покажува дека возачот на Honda е способен да победи на патеките кои му одговараат на мотоциклот на Ducati.

Патеките во Асен и Заксенринг, каде што возачот на Honda, Марк Маркез, победува десет години по ред, отсекогаш биле патеки кои не му одговарале на Ducati. Сепак, Данило Петручи вели дека тимот мора да го даде максимумот за да може да го победат Маркез и да ја намалат предоста која ја има на табелата.

„Следните две трки, во Брно и Шпилберг, се малку подобри за нас но оваа година Марк направи голем исчекор напред“ , вели Петручи.

„Докрај се боревме во Катар и Муџело, кои се две од омилените патеки на Ducati и загубивме за само неколку стотинки. Следните две трки исто така му одговараат на нашиот мотоцикл.“

Petruci txt 18 07

„Треба да го дадеме максимумот за борбата за титулата да биде отворена до крај. Знам дека тоа ќе биде навистина тешко, но мораме да веруваме во нашите способности.“

Летната пауза Маркез ја започна со убедлива предност од 58 поени пред најблискиот ривал, Андреа Довициозо. Петручи пак се наоѓа на третото место со заостанување од 64 поени.

Единствената победа која ја постигна Довициозо оваа сезона на трката во Катар заврши со предност од 0,023 секунди во однос на Маркез. На трката која се возеше во Муџело, Петручи успеа да победи со разлика од само 0.043 секунди.

Минатата сезона, благодарение на Довициозо и Хорхе Лоренцо, Ducati победи на трките во Брно и Австрија.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: