„Ќе беше убаво да имам два дена за темелно да го тестирам мотоциклот, но сепак сме задоволни со она што го постигнавме за 65 круга“ – Кејси Стонер

Попречен од повремениот дожд во понеделникот, Кејси Стонер извозе 65 кругови на Гран При патеката во Катар за време на последната вечер од приватните тестови на Ducati.

„Денеска не беше многу лошо, но јас сум преморен! “, изјави пензионираниот двократен светски шампион. „Извозевме доста кругови иако временските услови не беа идеални. Имаше малку дожд но сепак поголем дел од денот беше суво. Имаше и повеќе од доволно време за да ја комплетираме зацртаната програма.“

Главната цел на овој тест беше Стонер да го има својот деби настап на 2016 Desmosedici. Андреа Довициозо со истиот мотоцикл го освои второто место на трката во Катар.

stoner ducati losail

„Конечно успеав да го возам 2016 Desmosedici GP, кој според мене е различен од GP15,“ изјави Стонер. Според него, овој мотоцикл има малку помека шасија.

„Ќе беше убаво да имам два дена за темелно да го тестирам мотоциклот, но сепак сме задоволни со она што го постигнавме за 65 круга“.

Стонер, кој откри дека негова главна задача во овој момент е да ги тестира новите делови кои Довициозо и Андреа Ианоне немаат време да ги пробаат за време на Гран При викендот, додаде:

„Тестиравме многу работи. Во сите нив имаше нешто позитивно и негативно. Задоволни сме со насоката по која се движиме.“

Ducati не ги објави времињата кои беа постигнати.

Стонер ја отфрли можноста да го замени повредениот возач на Pramac, Данило Петручи, на првата вечер од тестирањето. Се уште не е познато кога ќе биде следниот тест, бидејќи тоа зависи од новите делови.

Развојниот возач на Ducati, Микеле Пиро, кој не беше присутен во Лосаил, се очекува да го замени Петручи на вториот настап кој ќе се оддржи во Аргентина.

Back To Top