Гран При комисијата ја забрани употребата на овие средства во Мото2 и Мото3 класите.

Гран При комисијата ќе ја забрани употребата на „аеродинамичните крила“ - но само во Moto2 и Moto3 класите.

Во Moto2 категоријата, забраната ќе почне да важи веднаш, а во Moto3- каде што „крилцата“ во моментов се користат од страна на Mahindra - ќе почне да важи од 2017 година.

Mahindra moto3 Winglet VR 46

За ваквата одлука не беа дадени никакви објаснувања.

Техничкиот директор ќе дозволи употреба на слични средства кои ја отстрануваат водата која доаѓа од предното тркало но тие нема да смеат да имаат аеродинамична намена.

Ducati, Yamaha и Honda веќе имаат „крилца“ на своите MotoGP машини. Некои возачи изразија загриженост поради можноста од повреди како и поради турбуленцијата што ја предизвикува за останатите возачи.

Со посебна одлука, од 1-ви мај, во Moto2 класата ќе биде дозволена употреба на една од двете дозволени марки на „quickshifter“ (а не само еден бренд како што беше претходно договорено). Исто така ќе биде задолжителна и употребата на една ќелија со податоци.

Back To Top