MotoGP

Маркез победи на трката во Каталуња

Марк Маркез успеа да стигне до нова победа а поради грешката на неговиот тимски колега, трката не успеаа да ја завршат Андреа Довициозо и двајцата возачи на Yamaha.

Следете нè на:

 

Марк Маркез направи голем чекор напред во борбата за титулата откако успеа да дојде до убедлива победа на трката која се возеше во Каталуња. Грешката која ја направи неговиот тимски колега, Јорхе Лоренцо, во ист момент надвор од игра ги остави главните ривали на лидерот, Андреа Довициозо, Валентино Роси и Маверик Вињалес.

Поранешниот шампион,  Хорхе Лоренцо, во вториот круг загуби контрола над предниот дел од мотоциклот и удри во Довициозо. Мотоциклот на Довициозо потоа удри во мотоциклот на Вињалес и го истурка надвор од патеката. Валентино Роси, кој беше веднаш до нив, немаше избор каде да оди и се удри директно во мотоциклот на Лоренцо.

Релативно безопасниот пад доведе до неочекуван исход. Лоренцо премногу широко влезе во свиокот и тоа му остави простор на Маркез да влезе од внатрешната страна. Лоренцо беше позициониран веднаш зад него и на истиот начин се обиде да го претекне Вињалес.

Сепак, Лоренцо загуби контрола над предниот дел и се удри во мотоциклот на Ducati кој беше пред него. Ова доведе до серија на помали инциденти во кои исто така настрадаа и мотоциклите на Yamaha.

Доколку Марекз не успееше да го претекне Довициозо, големи беа шансите и тој да стане дел од целата мешаница. Лоренцо, кој веднаш се извини за инцидентот, му помогна на неговиот тимски колега во борбата за титулата. Маркез, кој потоа немаше никаква конкуренција, стигна до убедлива победа.

Сега тој ја зголеми предноста во однос на второпласираниот Довициозо на 37 поени.

Marquez Catalunya txt 17 06

Трката ја одбележаа неколку инциденти а само 13 од вкупно 24 мотоцикли успеаа да стигнат до целната линија. Французинот Фабио Куартараро дојде до својот прв подиум откако успеа да победи во интересна борба со Данило Петручи и Алекс Ринс.

Французинот, иако стартуваше од пол позицијата, сепак за брзо време  се најде на петата позиција. Сепак на крајот успеа да ја искористи мешаницата која се случи пред него и повторно дојде до позиција да се бори за место на подиумот.

Поголемиот дел од трката тој го помина на четвртото место гледајќи ја пред него борбата меѓу Алекс Ринс и Данило Петручи. Ринс во обид да ја надополни разликата која ја правеше мотоциклот на Ducati, на моменти возеше и премногу ризично и опасно.

На седум круга до крајот, Ринс направи грешка која го врати неколку позиции подолу. Во истиот момент, Куартараро го претекна Петручи и дојде до второто место а победникот од трката во Муџело на крајот мораше да се задоволи со третата позиција.

Ринс успеа да дојде до четвртото место откако во послениот круг го претекна Џек Милер. Јоан Мир го постигна својот најдобар резултат откако заврши на шестото место. Иако не успеаа да се искачат на подиумот, сепак ова беше добар ден за тимот на Suzuki Ecstar.

Пол Еспаргаро постигна добар резултат за тимот на КТМ откако го освои седмото место а веднаш зад него беше Такааки Накагами. Тито Рабат и Јохан Зарко ги заокружија првите десет позиции.

Андреа Ианоне со освоеното единаесето место исто така успеа да дојде до најдобар пласман за тимот на Aprilia оваа сезона а возачите на Tech 3 KTM и Suzuki ги освоија последните места кои носат поени.

Покрај четворицата возачи кои излетаа на почетокот на трката, Кал Кратчлоу исто така не ја заврши трката откако излета надвор од патеката при обидот да го претекне Милер.  Франко Морбидели исто така имаше лоша трка. Тој стартуваше од третото место но набрзо се најде на четиринаесетата позиција. Во обид да ја надополи разликата, тој излета надвор од патеката во свиокот број седум.

Ова беше четврта трка по ред како Франческо Бањаиа не вози до самиот крај. Контакт имаа и Бредли Смит и Алеш Еспаргаро по кој и за двајцата возачи заврши трката.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Фабио Куартараро вели дека следната етапа од неговата MotoGP кариера е да има добра борба со Маркез и Роси.

Алваро Баутиста ја започна втората трка во Лагуна Сека но се повлече после еден круг поради болки во рамото.

Џонатан Реа победи на Tissot-Superpole трката која се возеше во Лагуна Сека. На втората трка од WorldSBK на која победи возачот ка Ducati, Чез Дејвис, Реа заврши на втората позиција.

Серез ќе добие нов асвалт, а во Македонија не се ни спомнува изградбата на тркачка патека од која бенефит би имале сите.

Ова не е стандарниот модел на кој сите сме навикнати.

Помеѓу фотографиите, гласините и веќе потврдените модели, не може со прецизност да се каже точно кои мотоцикли би можеле да ги очекуваме на пазарот.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

  • 10 Август 2019 - 10 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Битола

  • 24 Август 2019 - 24 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Прилеп

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.