(Време на читање: 1 - 2 минути)


„Голема штета“ – Валентино Роси беше соборен од мотоциклот на Хорхе Лоренцо.

Валентино Роси ја стартуваше трката во Каталуња на најдобрата стартна позиција за оваа сезона, се чуствуваше одлично на мотоциклот и беше голем оптимист во однос на трката.

Но трката за Италијанецот заврши уште во вториот круг откако беше дел од инцидентот кој го предизвика Хорхе Лоренцо.

Роси беше зад возачот на Repsol Honda кога падна а во инцидентот учествуваа уште и Андреа Довициозо и Маверик Вињалес.

Италијанецот се обиде да ја избегне мешаницата но беше удрен од мотоциклот на Лоренцо.

Rosi Catalunya txt 17 06

„Ова е голема штета бидејќи денеска се чувствував одлично и имав добро темпо во текот на целиот викенд. Работевме добро за време на тренингот. Научивме многу работи и се чувствував удобно“  , изјави Роси.

„Имав добро темпо, бев конзистентен и едноставно уживав додека го возев М1. Бев голем оптимист во пресрет на трката.“

„И на стартот на трката се чувствував добро бидејќи пневматиците функционираа беспрекорно. Но се одлучив да претекнам во погрешен момент. Се обидов да ја избегнам мешаницата која беше пред мене но за жал не можев да го избегнам мотоциклот на Лоренцо.“

„Се обидов да го задржам исправен мотоциклот но не успеав во тоа. Сега имам мала болга на зглобот бидејќи ногата во еден момент ми се најде помеѓу двата мотоцикли. Но ова е тркање и понекогаш се случуваат вакви работи.“

„Според она што можев да го забележам во овие неколку кругови имаме големо подобрување во споредба со трката во Муџело. Мотоциклот беше подобар а и ние работевме понапорно во текот на викендот. Дадовме се од себе. Сега единствено што ни останува е да се одмориме добро пред трката во Асен.“

Пред трката која ќе се одржи во Холандија, Роси кој е на петото место на табелата, повторно ќе се врати на патеката во Барселона за официјалниот тест кој ќе се одржи во понеделник.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: