Андреа Довициозо го прифати извинувањето на Хорхе Лоренцо но сепак е разочаран од резултатот на неделната трка. Смета дека Лоренцо треба да добие казна.

Андреа Довициозо го прифати извинувањето на Хорхе Лоренцо по инцидентот кој го предизвика Шпанецот на Гран При трката на Каталуња но вели дека тоа не може да ја надополни загубата на поени.

Италијанецот смета дека можел да се натпреварува со Маркез во борбата за првото место на трката која се возеше во неделата. Но грешката која ја направи Лоренцо при обидот за претекнување значеше крај на трката за Довициозо како и за возачите на Monster Energy Yamaha, Валентино Роси и Маверик Вињалес.

doviciozo catalunya txt 1 18 06

Довициозо смета дека Лоренцо не размислувал како што треба при обидот за претекнување и дека сега треба да се соочи со казна. „Грешката која ја направи Хорхе не е опасна но тој не размислуваше како што треба при обидот за претекнување“ , вели Довициозо.

„Ништо не менува дали ќе го прифатам извинувањето или не“, одговори Довициозо на прашањето дали ќе го прифати извинувањето на поранешниот тимски колега.

„Морам да кажам дека сум разочаран бидејќи навистина не ни треба нешто вакво во серијата.“

„Знаеме колку е брз Марк но и ние имавме шанса денеска. Тој беше добар но исто така и ние.Мислам дека и Хорхе беше во добра позиција, тој имаше добар старт на трката. Сакаше да биде напред после неколку круга и поради тоа направи грешка.“

„Многу лесно се прават грешки во тој свиок и таму не треба да бидете многу брз. Дури и мало невнимание може да доведе до голем проблем. “

„Сакаше да го претекне Маверик но не гледаше каде сопира. Маверик доцна притисна на сопирачката а тој притисна уште покасно.Тој беше премногу брз и премногу внатре во свиокот.“

„Од една страна таквата грешка не е премногу опасна но да го направите тоа во вториот круг е навистина лудо.“

„За шампион каков што е тој, тоа беше голема грешка и сега направи многу проблеми на табелата бидејќи многу возачи кои се борат за титулата останаа без бодови од оваа трка. “

„Работевме многу напорно во текот на викендот и имав чувство дека можам да се борам за победа.“

„Разликата сега би можела да стане поголема но серијата е долга. Едно нешто е сигурно а тоа е дека нема да се откажеме до самиот крај. На трките се може да се случи а ние ќе продолжиме да се бориме.“

„Маркез сега знае дека не мора на сите трки да притисне до крај и да се бори за победа. Токму тоа го сакавме ние оваа сезона.Пред трката сакавме да го притиснеме бидејќи секој може да направи грешка.“

„Грешката која ја направи Хорхе не беше опасна но тој не размислуваше како што треба. Целиот инцидент се случи токму поради тоа. Не е дека Хорхе е слаб при сопирање. Затоа мислам дека треба да добие казна.“

doviciozo catalunya txt 18 06

Во однос на тоа дали инцидентот на крајот ќе го спречи да дојде до титулата, Довициозо вели: „Ако размислувам така нема да се појавам на следната трка. До крајот има уште многу и се може да се случи.“

„Ние сме силни и работиме напорно. На тестот во Барселона ќе се обидеме да најдеме нешто кое ќе ни биде од корист. Штета што Марк има голема предност, и самите знаете коку е тој добар на сите услови. Нема да биде лесно да го стигнеме но тоа и не е невозможно. “

„Следните две трки не ни одговараат премногу но оваа сезона се чувствувам навистина добро на повеќето од патеките. Затоа верувам дека можеме да бидеме конкурентни во Асен.“

„Шампионатот е навистина чуден. Има многу брзи возачи и тоа може да создаде голема конфузија. Доколку го погледнете тренингот пред трката ќе забележите колку се само брзи Ринс и Куартараро. “

„Имаме големо искуство и знаеме како да се справиме со притисокот. Мислам дека сме подобри од конкурентите.“

Back To Top