Кој е најдобриот MotoGP возач во последнава декада? Фановите на овој спорт сигурно имаат различен одговор на ова прашање.
Кој е најдобриот MotoGP возач во последнава декада? Фановите на овој спорт сигурно имаат различен одговор на ова прашање, врз основа на сопствени критериуми. Една можност да одговориме на ова прашање е доколку ги погледнеме бројките од последните десет години.
Секако, на овој начин може да се занемарат одредени фактори. Но споредбата на бројките од последните 180 трки, во период од 10 години, сигурно ќе ни помогне да ги одвоиме најквалитетните натпреварувачи.
За да се може возачите да бидат на оваа листа, пред се мораат да имаат неколку победи. Во периодот од 2010 до 2019 година се оддржаа 180 трки кои донесоа 13 различни победници: Кал Кратчлоу. Андреа Довициозо, Андреа Ианоне, Хорхе Лоренцо, Марк Маркез, Џек Милер, Дани Педроса, Данило Петручи, Алекс Ринс, Валентино Роси, Бен Спајс, Кејси Стонер и Маверик Вињалес.
Од оваа група на возачи, Ианоне, Милер, Петручи и Спајс, победија само на една трка и поради тоа не можат да бидат дел од изборот. Алекс Ринс победи на две трки, но возачот на Suzuki е активен само три сезони, што значи дека нема голем импакт во последната декада.
Со ова бројот на возачи се сведе на осуммина: Кратчлоу, Довициозо, Лоренцо, Маркез, Педроса, Роси, Стонер и Вињалес.
Од нив, само Андреа Довициозо ги стартуваше сите 180 трки. Уште двајца други возачи ги стартуваат сите трки, но тогаш беа дел од друго натпреварување. Марк Маркез настапи на 127 трки почнувајќи од 2013 година. Маверик Вињалес пак настапи на 91 трка, стартувајќи од 2015 година.
Но без разлика на тоа на кој начин ги правите пресметките, еден возач се издвојува. Марк Маркез е лидер по бројот на победи, места на подиумот и пол позиции.
На патот до шестата титула во само седум сезони, Маркез постигна неверојатни 56 победи. Втор на листата според бројот на победи е Хорхе Лоренцо, кој на 169 трки стигна до 42 победи.
Доколку пак ги споредиме процентите, тогаш на второто место е Кејси Стонер. Австралиецот победи на 36% од трките на кои настапи во периодот помеѓу 2010 и 2012 година.
Но бидејќи настапи само три сезони, тој се наоѓа на четвртото место според бројот на победи. И покрај тоа што постигна само 18 победи, тој заостанува само 5 први места од Дани Педроса кој во периодот од 2010 до 2018 година постигна 23 победи.
Доколку пак ги погледнеме местата на подиумот, тогаш Лоренцо е најуспешен. Додека настапуваше за фабричките тимови на Yamaha и Ducati, Лоренцо дури 96 пати се искачи на подиумот. Маркез е на второто место со 95 подиуми а трети е Дани Педроса со 74 искачувања на подиумот. Валентино Роси има 70.
И овој пат Маркез е лидер. Дури 75 % од трките кои ги стартувал ги завршил на подиумот. На второ место е Кејси Стонер со 70 % додека пак Лоренцо на 56.8 % од трките кои ги стартувал, завршил на подиумот. Од 148 трки кои ги стартувал во овој период, на половина од нив Дани Педроса завршил на подиумот. Валентино Роси пак 40 % од трките ги завршува на подиумот.
Местата на подиумот исто така даваат и добра слика за бројот на освоени поени. На вкупно 127 трки, Марк Маркез од можни 3175 поени освоил 2275. Во просек тоа се 17.9 поени по трка.
На првата позиција според бројот на освоени поени во последната декада е Хорхе Лоренцо со 2448. Валентино Роси се наоѓа на третата позиција со освоени 2221 бод додека пак четврти е Андреа Довициозо.
Маркез не доминира само на трките. Никој не може да се спореди со Шпанецот ниту на квалификации. Речиси половина од трките кои ги стартувал од 2013 година, возачот на Repsol Honda ги почнал од пол позицијата.
Според процентите, Кејси Стонер, повторно е на второто место со 42% .
Овие податоци се добра подлога врз основа на која можеме да ја оцениме деби сезоната на Фабио Куартараро. Иако возачот на Petronas Yamaha не успеа да победи на ниту една трка во сезоната 2019, тој имаше добра сезона.
Тој пет пати заврши на второто место а три пати беше трети. На 36.8% од трките кои настапи, тој заврши на подиумот. Севкупно гледано Куартараро освојуваше 10.1 поен по трка. Резултат кој го става веднаш зад Маверик Вињалес а далеку пред Кал Кратчлоу во оваа група на возачи.
Бројките исто така ја прават јасна разликата меѓу освојување титули и учество во серијата. Во оваа декада имаме тројца освојувачи на најголемата награда, Хорхе Лоренцо во 2010, 2012 и 2015 година, Кејси Стонер во 2011 и Марк Маркез со шест титули. Сите тројца возачи имаат поголем процент на победи отколку на втори и трети места.
Во суштина победите придонесуваат кон освојување на титулата, нешто што најмногу може да се види кај Макрез. Возачот на Repsol Honda победи на 44.1% од трките на кои има настапено. На второто место се нашол 22.8 % додерка пак трети бил само 7.7 проценти.
Бројките на Хорхе Лоренцо покажуваат слична шема: 24.9% се победи, 21.3% втори места и 10.3 % се пласмани на третото место. Кејси Стонер во овој случај е еден вид на аномалија. Кај него 36% се победи, во 8% од трките заврши на второто место а 26% се трети места.
Но фактот дека Стонер настапи само три сезони можеби ја објаснува оваа необична шема. Во споредба со Маркез и Лоренцо, тој настапи на само 50 трки.
Слично нешто може да се забележи и кај возачите кои не успеаа да дојдат до титулата, Дани Педроса беше најблиску до нешто такво откако во 2012 година му беше главен ривал на Хорхе Лоренцо.
Последниве три сезони, Андреа Довициозо ги завршува на второто место веднаш зад Марк Маркез. И неговите резултати покажуваат слична шема: 7.2% победа, 11.7% второ место и 13.3% од трките завршил на третата позиција.
Резултатите на Довициозо се исто така добар показател за успехот на Ducati. Споредете ги резултатите на Италијанецот во изминативе три сезони кога Desmosedici е далеку од компетитивен и ќе забележите дека соодносот од местата на подиумот е различен: 47.3% наспроти 32.2% во текот на минатата декада.
Неговиот процент на победи е сличен со оној на Лоренцо, 21.8% во периодот помеѓу 2017 и 2019, 12.7% од трките ги завршил на второто место додека пак трети бил во 12.7% од случаите.
Од друга страна, слабиот настап на Yamaha, исто така може да се види и во резултатите на Валентино Роси. Италијанецот завршуваше на второто место на табелата во периодот помеѓу 2014 и 2016 година но во последниве три сезони е далеку од борбата за титулата.
Во периодот помеѓу 2014 и 2016 година, Роси во 70.4% од случаите се најде на подиумот. Овој процент падна на само 24 во периодот помеѓу 2017 и 2019. Некаде на средината на декадата, Роси освојуваше околу 16.1 поен по трки. Помеѓу 2017 и 2019-та година оваа бројка се спушти на само 10.7 поени.
Слично е и кај останатите фабрички возачи на Yamaha, иако Роси имаше и други тимски колеги во тој период. Помеѓу 2014 и 2016 година, Лоренцо беше на подиумот 61.1 % од времето и освојуваше во просек 15.3 поени.
Откако Маверик Вињалес се приклучи на Yamaha во 2017 година, во 34.6% од случаите се најде на подиумот а во просек освојуваше по 11.5 поени.
Сите овие податоци ни велат дека нема никакво сомневање во тоа дека Марк Маркез е најдобриот возач во периодот помеѓу 2010 и 2019 година. Во однос на победи, места на подиумот, процент на освоени поени по трка, ниту еден возач не му е ниту блиску. Но каков е односот во споредба со претходната декада? Во првите години од овој век, Роси беше оној кој доминираше во серијата.
Тој беше најдобриот возач на патеката помеѓу 2000 и 2009 година, слично како што Маркез доминира во последниве десетина години. Помеѓу 2000 и 2009-та година, Роси освои девет титули. Загуби само во 2000 од Кени Робертс помладиот, 2006-та година од Ники Хејден и 2007-ма од Кејси Стонер.
Во периодот помеѓу 2000 и 2009 година Роси победи на 77 од вкупно 167 трки на колку што настапи во Премиерната класа. Тоа е повеќе од 56-те победи на Маркез. Сепак, процентот на Роси е помал во однос на Маркез, 46.1% наспроти 44.1% .
76.7% од времето Роси се наоѓаше на подиумот, во споредба со 74.8% кај Маркез. И процентот на освоени поени кај него е поголем. Помеѓу 2000 и 2009 година , во просек Роси освојуваше 18.5 поени. За разлика од него, Маркез, во периодот помеѓу 2013-2019, во просек освојуваше 17.9 поени.
Една област каде во предност е Маркез се пол позициите. Шпанецот е доминантен во квалификациите со 48.8% . Кај Роси оваа бројка изнесува 24.6% во периодот помеѓу 2000-2009.
Тоа е подобар процент отколку кај Хорхе Лоренцо во периодот помеѓу 2010-2019 но послаб од процентот на Фабио Куартараро.
Но дали е фер да се споредат перформансите на Роси во периодот помеѓу 2000 и 2009 со формата на Маркез во изминатава декада? Многу работи се изненадувачки, тоа е точно. Првите две сезони Роси ги помина на дво тактна 500cc машина, после што помина уште две години на Honda RC211V, најдобрата машина во тој период. Но после тоа Италијанецот премина во тимот на Yamaha, настапувајќи притоа со машина која во два наврати воопшто не беше компетитивна.
Исто така е сосема јасно дека Роси немаше сериозен конкурент во првите неколку сезони. Нивните имиња се наоѓаат многу подолу на листата на најдобри возачи, нешто што е сосема различно во однос на ривалите на Маркез.
Помеѓу 2000-2005, кога Роси стигна до 53 од вкупно 77 победи во таа декада, тој се натпреваруваше против Алекс Кривие, 18-ти на листата на најдобри возачи, Макс Бијаџи, 20-ти, Лорис Капироси, 23-ти, Сет Жиберно, 24-ти и Кени Робертс помладиот, 26-ти.
По 2005 година во MotoGP се приклучи нова генерација на возачи која се покажа далеку поквалитетна. Кејси Стонер и Дани Педроса пристигнаа во 2006 година, Хорхе Лоренцо во 2008. Во тој период, Роси победи на само 24 трки. И процентот опадна. Во 2001 и 2002 година изнесуваше 68, во 2005 година- 65% а во 2003 и 2004 година само 56%.
Единствениот пат кога процентот на победи на Роси беше над 30% после 2005-та година, беше во шампионските сезони. Во 2008 се искачи на 50% а во 2009 година беше 35%. Во 2006-та и 2007-ма, годините кога не успеа да дојде до титулата, процентот на победа беше под 30%. За разлика од него, Маркез кога прв пат се појави во шампионатот мораше да се натпреварува со Роси кој е на врвот на листата на најуспешни возачи. Не смее да се заборави ниту Хорхе Лоренцо кој е на петата позиција, Дани Педроса кој е осми како и Андреа Довициозо кој е деветнаесетото место. Тешко е кога се прави компарација помеѓу две различни декади но факт е дека Маркез мораше да се соочи со неколку од најдобрите возачи во историјата на овој спорт. Тоа само покажува колку е добар Шпанецот.
Но во исто време, ова покажува и колку квалитетна беше самата декада. Помеѓу 2010 и 2019, пет од осумте најуспешни возачи во историјата на премиерната класа, беа заедно на патеката.
Преминот на машини кои имаат 1000cc, нова електроника како и пневматици на Michelin, ги направи трките многу поизедначени и поинтересни. Во 2019 година, на 7 од вкупно 19 трки, разликата меѓу најдобрите возачи беше помала од една секунда. Ова е навистина златната доба на MotoGP. А Марк Маркез е кралот.
Number of wins ↑
| Rider | Seasons | Races | Starts | 1st | 2nd | 3rd |
| Márquez | 2013-2019 | 127 | 127 | 56 | 29 | 10 |
| Lorenzo | 2010-2019 | 180 | 169 | 42 | 36 | 18 |
| Pedrosa | 2010-2018 | 161 | 148 | 23 | 27 | 24 |
| Stoner | 2010-2012 | 53 | 50 | 18 | 4 | 13 |
| Dovizioso | 2010-2019 | 180 | 180 | 13 | 21 | 24 |
| Rossi | 2010-2019 | 180 | 175 | 12 | 26 | 32 |
| Viñales | 2015-2019 | 91 | 91 | 7 | 4 | 12 |
| Crutchlow | 2011-2019 | 162 | 157 | 3 | 6 | 10 |
| Rossi | 2000-2009 | 167 | 167 | 77 | 35 | 16 |
Win and podium position percentages ↑
| Rider | Seasons | Races | Starts | 1st % | 2nd % | 3rd % |
| Márquez | 2013-2019 | 127 | 127 | 44.09% | 22.83% | 7.87% |
| Stoner | 2010-2012 | 53 | 50 | 36% | 8.00% | 26% |
| Lorenzo | 2010-2019 | 180 | 169 | 24.85% | 21.30% | 10.65% |
| Pedrosa | 2010-2018 | 161 | 148 | 15.54% | 18.24% | 16.22% |
| Viñales | 2015-2019 | 91 | 91 | 7.69% | 4.40% | 13.19% |
| Dovizioso | 2010-2019 | 180 | 180 | 7.22% | 11.67% | 13.33% |
| Rossi | 2010-2019 | 180 | 175 | 6.86% | 14.86% | 18.29% |
| Crutchlow | 2011-2019 | 162 | 157 | 1.91% | 3.82% | 6.37% |
| Rossi | 2000-2009 | 167 | 167 | 46.11% | 20.96% | 9.58% |
Podium and pole percentages ↑
| Rider | Seasons | Races | Starts | Podiums | Podium % | Poles | Pole % |
| Márquez | 2013-2019 | 127 | 127 | 95 | 74.8% | 62 | 48.82% |
| Stoner | 2010-2012 | 53 | 50 | 35 | 70% | 21 | 42% |
| Lorenzo | 2010-2019 | 180 | 169 | 96 | 56.8% | 34 | 20.12% |
| Pedrosa | 2010-2018 | 161 | 148 | 74 | 50% | 18 | 12.16% |
| Rossi | 2010-2019 | 180 | 175 | 70 | 40% | 7 | 4% |
| Dovizioso | 2010-2019 | 180 | 180 | 58 | 32.22% | 7 | 3.89% |
| Viñales | 2015-2019 | 91 | 91 | 23 | 25.27% | 9 | 9.89% |
| Crutchlow | 2011-2019 | 162 | 157 | 19 | 12.1% | 4 | 2.55% |
| Rossi | 2000-2009 | 167 | 167 | 128 | 76.65% | 41 | 24.55% |
Points totals and points per race ↑
| Rider | Seasons | Races | Starts | Points | Max points available |
Points per race |
% of max points |
| Márquez | 2013-2019 | 127 | 127 | 2275 | 3175 | 17.9 | 71.65% |
| Stoner | 2010-2012 | 53 | 50 | 829 | 1325 | 16.6 | 62.57% |
| Lorenzo | 2010-2019 | 180 | 169 | 2448 | 4500 | 14.5 | 54.4% |
| Pedrosa | 2010-2018 | 161 | 148 | 2030 | 4025 | 13.7 | 50.43% |
| Rossi | 2010-2019 | 180 | 175 | 2221 | 4500 | 12.7 | 49.36% |
| Dovizioso | 2010-2019 | 180 | 180 | 2087 | 4500 | 11.6 | 46.38% |
| Viñales | 2015-2019 | 91 | 91 | 933 | 2275 | 10.3 | 41.01% |
| Crutchlow | 2011-2019 | 162 | 157 | 1142 | 4050 | 7.3 | 28.2% |
| Rossi | 2000-2009 | 167 | 167 | 3084 | 4175 | 18.5 | 73.87% |
Andrea Doviziosio 2017-2019 ↑
| Season | Starts | 1st | 2nd | 3rd | Tot. | Poles | Points | Pos. |
| 2019 | 19 | 2 | 3 | 4 | 9 | 0 | 269 | 2 |
| 2018 | 18 | 4 | 3 | 2 | 9 | 2 | 245 | 2 |
| 2017 | 18 | 6 | 1 | 1 | 8 | 0 | 261 | 2 |
| 55 | 12 | 7 | 7 | 26 | 2 | 775 | ||
| Avg. | 21.82% | 12.73% | 12.73% | 47.27% | 3.64% | 14.1 |
Valentino Rossi 2014-2016 vs 2017-2019 ↑
| Season | Starts | 1st | 2nd | 3rd | Tot. | Poles | Points | Pos. |
| 2016 | 18 | 2 | 6 | 2 | 10 | 3 | 249 | 2 |
| 2015 | 18 | 4 | 3 | 8 | 15 | 1 | 325 | 2 |
| 2014 | 18 | 2 | 6 | 5 | 13 | 1 | 295 | 2 |
| 54 | 8 | 15 | 15 | 38 | 5 | 869 | ||
| Avg. | 14.81% | 27.78% | 27.78% | 70.37% | 9.26% | 16.1 | ||
| 2019 | 19 | 0 | 2 | 0 | 2 | 0 | 174 | 7 |
| 2018 | 18 | 0 | 1 | 4 | 5 | 1 | 198 | 3 |
| 2017 | 17 | 1 | 3 | 2 | 6 | 0 | 208 | 5 |
| 54 | 1 | 6 | 6 | 13 | 1 | 580 | ||
| Avg. | 1.85% | 11.11% | 11.11% | 24.07% | 1.85% | 10.7 |
Yamaha 2014-2016 vs 2017-2019 ↑
| Season | Starts | 1st | 2nd | 3rd | Tot. | Poles | Points | Pos. |
| Lorenzo | ||||||||
| 2016 | 18 | 4 | 3 | 3 | 10 | 4 | 233 | 3 |
| 2015 | 18 | 7 | 3 | 2 | 12 | 5 | 330 | 1 |
| 2014 | 18 | 2 | 6 | 3 | 11 | 1 | 263 | 3 |
| 54 | 13 | 12 | 8 | 33 | 10 | 826 | ||
| Avg. | 24.07% | 22.22% | 14.81% | 61.11% | 18.52% | 15.3 | ||
| Viñales | ||||||||
| 2019 | 19 | 2 | 1 | 4 | 7 | 3 | 211 | 3 |
| 2018 | 18 | 1 | 1 | 3 | 5 | 1 | 193 | 4 |
| 2017 | 18 | 3 | 2 | 2 | 7 | 5 | 230 | 3 |
| 55 | 6 | 4 | 9 | 19 | 9 | 634 | ||
| Avg. | 10.91% | 7.27% | 16.36% | 34.55% | 16.36% | 11.5 | ||
Fabio Quartararo ↑
| Season | Starts | 1st | 2nd | 3rd | Tot. | Poles | Points |
| 2019 | 19 | 0 | 5 | 2 | 7 | 6 | 192 |
| Avg. | 0% | 26.32% | 10.53% | 36.84% | 31.58% | 10.1 |

Коментари