По трката во Каталонија, MotoGP караванот се сели во Италија, каде што продолжува сезоната со Brembo Гран При на Италија на легендарната патека Autodromo Internazionale del Mugello.
Autodromo Internazionale del Mugello
Патеката Муџело се наоѓа на околу 30 километри североисточно од Фиренца, во живописниот предел на Тоскана. Станува збор за модерна патека со одлична инфраструктура, која во 1988 година беше купена од Ferrari, по што беше реновирана на високо ниво.
Со својата должина од 5.245 километри, Муџело важи за една од најубавите, но и најпредизвикувачки патеки во календарот. Комбинацијата од бавни и брзи свиоци, широки кривини, долги правци и делови со променлив наклон ја прави особено тешка и за возачите и за инженерите.
Муџело првпат беше домаќин на MotoGP настан во 1976 година, а од 1991 година, по обемната реконструкција, стана редовен дел од календарот. Сместена во прекрасна тосканска долина опкружена со дрвја, патеката нуди одлични места за гледачите и секоја година привлекува огромна, бучна и страстна италијанска публика.
Спецификации на патеката:
- Вкупна должина: 5.25 km
- Ширина: 14 m
- Најдолг правец: 1,141 m
- Десни свиоци: 9
- Леви свиоци: 6
Распоред за следење на трките во Италија:
Петок – 29 мај
| Време | Класа | Настан |
|---|---|---|
| 08:25-08:45 | Baggers™ | Слободен тренинг бр. 1 |
| 09:00-09:35 | Moto3™ | Слободен тренинг бр. 1 |
| 09:50-10:30 | Moto2™ | Слободен тренинг бр. 1 |
| 10:45-11:30 | MotoGP™ | Слободен тренинг бр. 1 |
| 12:40-13:00 | Baggers™ | Слободен тренинг бр. 2 |
| 13:15-13:50 | Moto3™ | Тренинг |
| 14:05-14:45 | Moto2™ | Тренинг |
| 15:00-16:00 | MotoGP™ | Тренинг |
| 17:05-17:25 | Baggers™ | Квалификациски тренинг |
Сабота – 30 мај
| Време | Класа | Настан |
|---|---|---|
| 08:40-09:10 | Moto3™ | Слободен тренинг бр. 2 |
| 09:25-09:55 | Moto2™ | Слободен тренинг бр. 2 |
| 10:10-10:40 | MotoGP™ | Слободен тренинг бр. 2 |
| 10:50-11:05 | MotoGP™ | Квалификации бр. 1 |
| 11:15-11:30 | MotoGP™ | Квалификации бр. 2 |
| 12:10 | Baggers™ | Трка бр. 1 (8 круга) |
| 12:45-13:00 | Moto3™ | Квалификации бр. 1 |
| 13:10-13:25 | Moto3™ | Квалификации бр. 2 |
| 13:40-13:55 | Moto2™ | Квалификации бр. 1 |
| 14:05-14:20 | Moto2™ | Квалификации бр. 2 |
| 15:00 | MotoGP™ | Tissot Спринт (11 круга) |
| 16:10 | Baggers™ | Трка бр. 2 (8 круга) |
Недела – 31 мај
| Време | Класа | Настан |
|---|---|---|
| 09:40-09:50 | MotoGP™ | Загревање |
| 10:00-10:40 | MotoGP™ | Парада на возачите |
| 11:00 | Moto3™ | Трка (17 круга) |
| 12:15 | Moto2™ | Трка (19 круга) |
| 14:00 | MotoGP™ | Гран При (23 круга) |


Коментари