(Време на читање: 2 - 3 минути)


Можеби многумина велат дека е дојдено време за пензија но Валентино Роси работи напорно за да има успешна сезона.

Валентино Роси се уште не открива каква ќе биде неговата иднина а многумина шпекулираат дека по завршувањето на сезоната 2020 тој ќе се повлече од тркањето со оглед на неупехот во последните неколку сезони.

Сепак, во сезоната 2020, Роси ќе влезе со значително променет тим а главен шеф на екипата ќе биде Давид Муњоз, главниот архитект кој стои зад новата Yamaha М1 која повеќе се фокусира на моќноста отколку на управувањето.

Не можеме да негираме дека настапите на Роси во последните неколку години се лоши. Одамна не го освоил првото место а и бројот на искачувања на подиумот значително се намали. Тоа е малку во споредба со неговиот тимски колега, Маверик Вињалес, кој постигна две победи, како и дебитантот Фабио Куартараро кој имаше шест пол позиции и седум пати се искачи на подиумот.

Откако ја заврши сезоната како трет најдобар возач на Yamaha, многумина почнаа да размислуваат каква би била иднината на MotoGP без „Докторот“. Со цел да ги отфрли сите вакви мислења, Роси почна да работи уште понапорно за да ги зголеми шансите за успех следната година.

 DSC4944

Клуч на сето ова е новиот шеф на тимот, релативно неискусниот Муњоз, кој го замени Силвано Галбусера. Роси признава дека на Муњоз ќе му треба време да се прилагоди на MotoGP, но е воодушевен што ќе може да соработува со него.

„Во нашиот спорт, исто како и во животот, ако имаш добар резултат тогаш се е во ред. Но ако имаш проблеми, тогаш сите работи стануваат уште потешки.“

„Ќе биде интересно и за мене бидејќи Давид е млад. Но тоа ми се допаѓа“, вели Роси. „Но ќе му биде потребно време за да се прилагоди. Мислам дека ако бидеме брзи и моќни, моралот нема да биде никаков проблем.“

„За нас овие два теста се особено важни, пред се од две причини. Првата е Давид, кој е нов главен механичар и ќе треба да видиме како е најдобро да соработуваме.  На сите ќе ни биде потребно време но првите впечатоци се позитивни.“

Маверик Вињалес веќе ја тестираше новата машина но неговите импресии не се многу позитивни. Заедно со Роси бараат мотоцикл кој ќе може да се натпреварува на правец со машините на Honda и Ducati.

Роси пак се надева дека новиот мотоцикл повеќе ќе одговара на неговиот стил на возење и ќе му помогне да се врати во врвна форма.

„Чувството со новиот мотоцикл е позитивно, некои работи се подобрени но главните проблеми остануваат. Мораме да направиме поголем чекор напред. Не сме лоши но не чека уште работа.“

Во текот на зимската пауза Роси вообичаено преговара за нов договор. Наскоро можеме да очекуваме неколку интересни информации поврзани со Италијанецот.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: