MotoGP

Јамаха ја објави двегодишната МотоГП програма со Пол Еспергаро

Како што веќе најавивме, Јамаха потпиша договор со Мото2 возачот, Пол Еспергаро, кој од следната година ќе вози за тимот на Yamaha Tech3 и ќе вози Yamaha YZR-M1 со поддршка од фабриката.

Следете нè на:

 

Pol-Espargaro-WallpaperФабричката Јамаха ќе го поддржи Пол Еспергаро и тимот на Tech 3 во 2014

Пол Еспергаро ќе вози за тимот на Yamaha Tech3, на местото на Кал Крачлоу кој потпиша за тимот на Дукати.

Како што веќе најавивме, Јамаха потпиша договор со Мото2 возачот, Пол Еспергаро, кој од следната година ќе вози за тимот на Yamaha Tech3, и ќе вози Yamaha YZR-M1 со поддршка од фабриката.

Пол Еспергаро во изминатите 3 години е во врвот на Мото2 класата, а во моментот се наоѓа на втората позиција во генералниот пласман. Она што ги натерало надлежните во Јамаха да се свртат кон Еспергаро секако се неговите досегашни резултати.

Тој дебитираше во 2006, возејќи седум трки, од кои на трката во Каталуња стана најмладиот возач во светот кој успеал да забележи бодови на една трка. Истата година тој беше прогласен и за Шампион на Шпанија во класата до 125цц. 

p espargaro

Првата сезона која ја возеше во целост беше 2007 кога го забележа и првиот подиум, а благодарение на одличните трки тој беше прогласен и за почетник на годината. Следната сезона неговите настапи беа уште по забележителни, но истовремено и беше сезона во која се здоби со скршеница на клучната коска. Веќе во 2009 тој ја забележа првата победа на патеката Индијанаполис, а сезоната ја заврши на четвртата позиција.

Во 2010 беше вклучен во битка за титулата со уште двајца возачи, Марк Маркез (кој на крајот ја освои титулата) и Нико Терол. Сезоната ја заврши на третата позиција, а тоа беше доволно за следната година да премине во Мото2 класата. Првата сезона во Мото2 ја заврши на 13-та позиција, со два подиуми, што требаше да биде добра основа за сезоната 2012. Така и беше, тој се приклучи на „Pons Racing“ тимот со кој забележа четири победи, осум пол позиции, и за жал втора позиција во генералниот пласман, веднаш зад Марк Маркез.

Marc-Marquez-Pol-Espargaro-Estoril ARAIMA20120506 0117 20Борбата помеѓу Еспергаро и Маркез ќе продолжи и во Кралската класа

Оваа сезона тој е сериозен претендент за титулата, веќе има три победи и пет подиуми, и се надева дека со шампионската круна ќе премине во Кралската класа.

Да потсетиме, Еспергаро доаѓа во тимот на Јамаха Теч3 на местото на Кал Крачлоу кој потпиша за тимот на Дукати.

 

Би можело да ве интересира

„Ќе биде подобро за сите, секако тука е и Moto2 серијата, доколку го имаат овој нов стил на возење - Moto2 се доближи еден чекор поблиску до MotoGP  со новиот 765cc Triumph мотор“

„Коментарот кој го даде Алберто Пуиг предизвика реакција кај неговиот поранешен MotoGP возач Дани Педроса“

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

„Дали возиме или одиме во вселената?“

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.