По вчерашниот фрустрирачки ден за HRC тимот и неможноста на Стонер да го комплетира тестирањето на новиот прототип, денешните услови на Мотеги беа одлични па Австралијанецот во целост ги заврши обврските.

2013 motegi test 1 d2 pic1

Хонда успешно го комплетираше тестирањето на новиот RC213V кој ќе се вози во 2014-та

По вчерашниот фрустрирачки ден за HRC тимот и неможноста на Стонер да го комплетира тестирањето на новиот прототип, денешните услови на Мотеги беа одлични па Австралијанецот во целост ги заврши обврските.

Денеска тој извозе 47 круга, притоа ги исполни планираните задачи и успеа да пренесе важни податоци за новиот мотор. 

Денот започна со возење на постоечкиот RC213V со неколку нови компоненти, за потоа да продолжи тестот на машината за 2014-та, онаа која ја тестираа Марк Маркез и Дани Педроса во Арагон.

2013 motegi test 1 d2 pic2

За среќа денеска времето беше добро, всушност беше и жешко, но можевме да завршиме се што планиравме. Имавме продуктивен ден, па успеавме да го надополниме изгубениот ден заради лошото време. Беше навистина одлично да се видат луѓето од тимот, иако беа малкумина. Во секој случај сакам да и заблагодарам на Хонда за можноста, како и за се што прават за мене. Беше убаво да се качам на мотор по 9 месеци, задоволен сум од тестот, но ова нема да го промени моето мислење, не планирам да се вратам во МотоГП, ниту пак да возам трка со вајлд карта.

Кејси Стонер

2013 motegi test 1 d2 pic5

Back To Top