Двократниот Светски шампион, Кејси Стонер, повторно се качи на GP мотор за прв пат по повлекувањето во ноември 2012.

2013 motegi test 1 d1 pic1

Лошото време го прекина тестот на Кејси Стонер на Мотеги

Двократниот Светски шампион, Кејси Стонер, повторно се качи на GP мотор за прв пат по повлекувањето во ноември 2012. Но, лошото време влијаеше на неговото враќање како и на тестот на Хонда.

Планот беше Стонер да вози во претпладневните часови на нему познатата RC213V - 2013, за потоа да тестира со новиот прототип за 2014 година. За жал по само 6 круга на Мотеги започна да паѓа дожд со што тестирањето беше прекинато.

2013 motegi test 1 d1 pic4

Беше убаво да се качам повторно на моторот, иако само за неколку круга! Успеавме да направиме само еден добар круг пред да започне дождот што е малку разочарувачки. За мене беше убаво да возам повторно, поминаа 9 месеци од последното качување на мотор, па ќе ми треба малку време да се навикнам повторно на се. Моторото и патеката изгледаа одлично, па се надевам дека во текот на утрешниот ден ќе успееме да направиме вистински тест и да свртам повеќе кругови.

Кејси Стонер

2013 motegi test 1 d1 pic2

Back To Top