(Време на читање: 2 - 3 минути)


Zontes ја засилува својата позиција на европскиот пазар со претставување на два нови модели во својата 703-фамилија: нејкед 703R и спорт-туринг 703T. Овие новитети пристигнуваат заедно со значајна технолошка надградба за веќе познатите 703RR и 703F, кои сега добиваат систем за електронска контрола на гасот (ETC) и стандарден темпомат.

Целата 703-серија се потпира на модерниот, течно ладен трицилиндричен агрегат од 699 кубика, кој развива околу 95 КС (70 kW), а достапна е и верзија со 35 kW за возачи со соодветна дозвола. Моделите се карактеризираат со богата фабричка опременост, која вообичаено се среќава кај машини од значително повисока ценовна класа.

1-723-1600-1000-100Zontes 703T

10 732 1600 1000 100

7 729 1600 1000 100

13 735 1600 1000 100

Технолошки иновации и опрема

Од моделската 2027 година, целата 703-линија стандардно доаѓа со електронска контрола на гасот (ETC), што овозможува прецизно управување со моторот и вградување на темпомат за полесно патување на долги релации. Покрај ова, сите модели се опремени со двонасочен „quickshifter“ (за менување на брзини нагоре и надолу без употреба на куплунг), што придонесува за подинамично возење.

Дополнително, Zontes ги освежи и следниве елементи на сите модели од серијата:

  • Нови, ергономски подобрени прекинувачи на управувачот
  • Оптимизиран кориснички интерфејс
  • Ажуриран TFT-дисплеј со подобра читливост
  • Интуитивно управување со функциите на мотоциклот

1 643 1600 1000 100Zontes 703R

7 649 1600 1000 100

12GBI 5801 1536x1024

2 644 1600 1000 100

Zontes 703R и 703T

Naked-моделот 703R е наменет за возачи кои бараат чиста адреналинска возбуда. Со агресивен дизајн, компактна задница и алуминиумска рамка, овој мотор го комбинира карактерот на спортска машина со практичноста на naked-изведбата. Достапен е во боите Lava Red, Black Grey и Dark Grey / Blue. Цената за Zontes 703R во Македонија е 8190 евра, и веќе може да се најде во салоните на Хамачи.

Спорт-турингот 703T е дизајниран за долги патувања, нудејќи висока удобност и можност за монтажа на комплет куфери. Овој модел доаѓа во боите Black / Gold (Special Black) и Bright Silver / Blue. Zontes 703T во моментов го има само како тест возило во салонот на Хамачи, а продажбате се очекува да започне на почетокот од октомври, по цена од 8499  евра, со целосна опрема вклучувајќи три куфери.

Ажурирања за 703RR и 703F

Постоечките модели 703RR Supersport и 703F Adventure остануваат важни столбови во гамата. Supersport моделот 703RR добива нови бои: Lava Red, Glossy Black и постоечката Bright Silver / Blue. Од друга страна, 703F Adventure продолжува да се нуди во изведби со тркала од 19 и 21 инч, со богата опрема како електрично прилагодлив ветробран, греачи на рачки, камери напред и назад, повеќе режими на возење и контрола на тракција. Новите бои за 703F се Piano Black / Grey и Bright Silver / Dark Grey.

Пријавете се за да ги добивате најважните содржини двапати неделно директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: