Имаме можност да ја пробаме новата Yamaha TMAX 560.

Во годината кога веќе беше преставен новиот Yamaha R1модел, Јапонскиот производител реши да не изненади и со нешто друго, 2020 Yamaha TMAX 560 макси скутерот.

Yamaha TMAX стана препознатлив на улиците во Европа, особено во Италија, каде од 2001 година па се до денеска се продадени повеќе од 275 илјади примероци.

2020 Yamaha TMAX скутерот има подобрена верзија на 560cc дво-цилиндричниот мотор и сега моќноста е зголемена за 3.5 проценти.Тој исто така е во согласност со строгите правила за емисија на штетни гасови во Европа.

Многумина сметаат дека ова е еден од најубавите скутери на пазарот. 2020 Yamaha TMAX ги задржа препознатливите карактеристики кои го направија толку популарен а има и голем број на сличности со помоќните мотоцикли на компанијата.

Задниот дел на TMAX е направен на тој начин за на скутерот да му даде потенок изглед. Тој исто така има LED светла.

Back To Top