Доколку бевте дел од EICMA мото шоуто во Милано, тогаш сигурно со некој од присутните зборувавте за MV Agusta Rush 1000.
Доколку бевте дел од EICMA мото шоуто во Милано, тогаш сигурно со некој од присутните зборувавте за MV Agusta Rush 1000. Специјалната верзија на MV Agusta Brutale 1000 ги привлече погледите на присутните и веруваме дека Италијанската компанија нема да има никаков проблем при продажбата на оваа машина.
А сега ја знаеме и цената по која овој мотоцикл ќе се продава на пазарот во Европа. Таа изнесува 34 000 евра.
Во моментов се уште не е позната цената на овој модел во САД но можеме да очекуваме дека ќе биде нешто повеќе од 37 000 долари. За оваа сума добивате неколку подобрувања на основниот Brutale 1000RR пакет. Со новиот издув, MV Agusta Rush 1000 добива 209 коњски сили. За креирање на издувот задолжени беа SC-Project, суспензијата е од Öhlins а напред имаме 320 милиметарски дискови од Brembo.
Нас најголем впечаток ни остави штитникот на задното тркало кој е изработен од јаглеродни влакна. Неговата задача е да го штити алуминиумското тркало.
Очекувајте го MV Agusta Rush 1000 во продавниците на почетокот на мај 2020 година.