KTM E-Speed скутерот би можел да стане реалност. Австриската компанија планира да продава своја верзија на скутерот Bajaj Chetak.

Плановите на КТМ за влез на пазарот со електрични превозни средства би можеле да се остварат во 2021 година со појавување на електричен скутер.

Австриската компанија во следните неколку години планира да интегрира голем број на електрични превозни средства во својата линија на мотоцикли. Веќе се објавени и плановите за соработка со Индиската компанија Bajaj Auto.

Првиот од овие модели би требало да биде електричен скутер кој ќе се базира на неодамна преставениот Bajaj Chetak. Неговата цена изнесува 1750 евра а со едно полнење може да се поминат 100 километри.

Користејќи ја оваа платформа, KTM и Husqvarna би развиле сопствен елекричен скутер кој би бил изработен во Индија. И моделот Chetak ќе се продава заедно со мотоциклите на КТМ. Според најавите, KTM или Husqvarna ќе го прилагодат мотоциклот според своите потреби и барања.

KTM E Speed txt 20 11

Идејата на КТМ за изработка на скутер не е нова. Австриската компанија на мото шоуто во Токио во 2013 година престави концепт на електричен скутер наречен KTM E-Speed. А со оглед на тоа дека мотоциклот беше преставен на теренот на Honda и Yamaha, постоеја сериозни најави дека тој ќе се најде во проиводство.

Судејќи според рамката како и препознатливата порокалово – сива боја, KTM E-Speed во целост изгледаше како мотоцикл кој доаѓа од работилницата на КТМ. Накратко, ако КТМ планира да има скутер во својата линија на мотоцикли, тогаш E-Speed е токму онаква машина која би застанала рамо до рамо со моделите Duke.

Сепак, компанијата ги прекина плановите сметајќи дека скутерот не би се совпаднал со портфолиото на брендот.

Но неколку години подоцна, KTM вели дека сака нивните електрични скутери да имаат добри перформанси. Машината би била дел од еден навистина конкурентен пазар на кој учествуваат од старт ап фирми па се до сериозни компании.

До денеска, КТМ во продажба има пуштено само една ваква машина, E-Ride ендуро мотоциклот кој се базира на Freeride.

Back To Top