(Време на читање: 1 - 2 минути)


Овие фотографии ни покажуваат дека Yamaha планира да направи промени на нивниот ултра популарен модел MT-07.

Овие фотографии ни покажуваат дека Yamaha планира да направи промени на нивниот ултра популарен модел MT-07. Со измените, мотоциклот би требало да се изнедначи со се подобрата конкуренција.

Прв пат преставен во 2014 година овој  689cc crossplane-cranked parallel twin мотоцикл воодушеви многумина благодарение на тоа што е лесен и забавен за возење.

yamaha mt 07 02 txt 1 21 06

Однадвор изгледа дека нема промени кај моторот но сепак можно е да има некои измени внатре со оглед на тоа дека мора да биде во согласност со Euro 5 правилата. Постои можност кај овој модел Yamaha да го вметне нивниот „variable valve timing “ систем кој веќе го имаме видено кај најновиот R125.

Таблата со податоци изгледа дека е нова и е малку поголема отколку кај актуелниот модел.Ривалите на MT-07 веќе напредуваат во овој сегмент а моделите како што е KTM 790 Duke веќе има TFT екран на кој можете да го приклучите вашиот телефон.

Бидејќи овој мотоцикл е наменет за помладата генерација на возачи, очекуваме и Yamaha да направи нешто слично. Сепак, можно е да станува збор само за поголема верзија на нивниот LCD екран со цел да се намалат трошоците.

yamaha mt 07 06 txt 2 21 06

Предните светла кај овој модел се нови а од она што можеме да го видиме вилушката останува иста. Можеме да забележиме и промени кај сопирачките што ни навестува дека можеби овој мотоцикл ќе има ABS сопирачки.

Со оглед на тоа дека  MT-07 беше преставен минатата година големи се шансите овој мотоцикл да биде преставен во 2021 година, кога сите нови мотоцикли ќе мора да бидат во согласност со Euro 5 стандардот.

Пријавете се за да ги добивате најважните содржини двапати неделно директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: