Покрај фактот што Ducati оваа година постигна неверојатен успех со Panigale V4R освојувајќи неколку победи со Алваро Баутиста во WSBK серијата, се чини дека тие не завршија со развојот на Panigale V4.

Покрај фактот што Ducati оваа година постигна неверојатен успех со Panigale V4R освојувајќи неколку победи со Алваро Баутиста во WSBK серијата, се чини дека тие не завршија со развојот на Panigale V4. Барем тоа можеме да го видиме од фотографиите до кои успеавме да дојдеме.

Според она што можеме да го видиме на сликите, станува збор за V4S или некоја нејзина варијација. Главен индикатор за ова се обликот како и недостаток на екстракторите за топлина кои ги има кај V4R. Тоа би значело дека зборуваме за 1103cc верзија на V4. Гледајќи ја околината, можеме да кажеме дека станува збор за тест кој се одвива на тркачка патека. Бројот 1 пак ни сугерира дека Ducati или се подготвува за прослава на титулата за сезоната 2019 во WSBK серијата или пак сака да одаде почит на победите кои ги постигнаа во изминативе години. Ние претпоставуваме дека станува збор за втората опција.

Panigale V4 Spy txt 1 02 07

Иако многумина сигурно мислат дека овие фотографии не се ништо посебно и преставуваат само едноставна промена на графиката на Panigale V4, сепак тука има нешто различно. Првата работа е дека возачот целосно е облечен во тест опремата на Ducati. Покрај ова, тука се специјалните тркала, Öhlins суспензијата (иако од фотографиите тешко може да се каже дали е електрична или не) како и повисокото ветробранско стакло.

Пред 25 години, еден од најпознатите возачи на Ducati, Карл Фогарти ја освои својата прва титула во WSBK серијата. Кој производител не би сакал да одбележи некој ваков настан? Дали ова би можело да биде специјален модел? Ако е така, тогаш наскоро можеме да очекуваме нешто посебно. Секако, штом откриеме нешто повеќе, вие ќе бидете први кои ќе дознаете.

Panigale V4 Spy txt 2 02 07

Back To Top