(Време на читање: 1 - 2 минути)


Снимен во Северо – Западниот дел од државата, конечно имаме прилика да го видиме новиот Ducati Streetfighter V4 во неговата природна средина.

Снимен во Северо – Западниот дел од државата, конечно имаме прилика да го видиме новиот Ducati Streetfighter V4 во неговата природна средина.

Со него управува Pikes Peak тркачот, Карлин Дан кој има за цел да постигне подобар резултат од било кој возач кој досега бил дел од Pikes Peak. Тоа би значело време од 9:45.624 или побрзо. Помеѓу Карлин и остварувањето на оваа цел има 156 свиоци како и надморска висина од неколку стотици метри. Како што еднаш ми кажа еден дечко роден во Санта Барбара, на Pikes Peak не се бориш со останатите возачи туку со врвот.

Планината е навистина тешка за искачување а времето може нагло да се промени. Условите за возење на патеката постојано се менуваат.

И самите мотоцикли имаат проблеми бидејќи на подножјето и на врвот на планината различно е нивото на кислород. Тоа значи дека стартувате со повеќе од 50%  поголема моќност. Возачите исто така се соочуваат со проблеми поради големата надморска висина.

Ducati Streetfighter V4 prototype 01 txt 21 06

Со речиси 100 годишна историја, Pikes Peak International Hill Climb е втората најдолга трка во американската историја но таа е најпозната патека во Северна Америка. А оваа година, на трката покрај американските ќе се приклучат и голем број на возачи од другите региони ширум светот.

Можеби токму поради оваа причина Ducati одбра токму тука да дебитира со прототипот за престојниот Ducati Streetfighter V4.  Со моќност од 1,103cc, 2020 Ducati Streetfighter V4 се базира на  на Panigale V4 платформата а многумина со нетпрение го очекуваат овој модел уште откако се појави оригиналната верзија во 2008 година.

Засега не ги знаеме точните спецификации на мотоциклот но можеме да очекуваме тој да има нешто повеќе од 180 коњски сили, комплетна електроника и почетна цена од околу 20 илјади долари.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: