Мотоцикли

Прв преглед: 2021 Yamaha Tracer 9 GT

Спорт-Туринг жанрот продолжува да се бори со авантуристичкиот сегмент. Новиот 2021 Yamaha Tracer 9 GT е последната спорт-туринг машина која станува дел од битката.

Следете нè на:

 

Спорт-Туринг жанрот продолжува да се бори со авантуристичкиот сегмент. Новиот 2021 Yamaha Tracer 9 GT е последната спорт-туринг машина која станува дел од битката.

Ова воопшто не е слаб мотоцикл. 2021 Yamaha Tracer 9 GT е целосно нова машина, почнувајќи од шасијата, преку моторот па се до електрониката. Еве неколку факти за овој мотоцикл.

1. Моторот е последната верзија на Yamaha triple. Сега тој има 890cc. CP3 се уште има исклучителна пренос на моќта која доаѓа од „crossplane“ конфигурацијата.

2021 Yamaha Tracer 9 GT First Look sport touring motorcycle 14

2. Новите инјектори вбризгуваат директно во главата на цилиндарот наместо преку гаста. Според Yamaha, ефикасноста на согорувањето е подобрена. Потрошувачката на гориво, критичен дел кај секој туринг мотоцикл, е зголемена на 49 mpg.

3. 2021 Yamaha Trace 9 GT е целосно „ride-by-wire“. Повеќе го нема долгиот кабел од гаста а spring/slider/gear комбинацијата го дава познатото чуство кога ја притискате гаста. Тоа е истата единица која се наоѓа и кај YZF-R1M супербајк.

4. Четирите режими на моќ му овозможуваат на возачот да го персонализира возењето. Режимот 1 е најагресивен. Како одите кон следните режими, реакцијата на гаста и моќноста се намалуваат.

2021 Yamaha Tracer 9 GT First Look sport touring motorcycle 2

5. Очекувајте поинаков звук од Tracer 9 GT. Трите делови за влез на воздух креираат уникатен звук а како што се зголемува бројот на вртежи, тој станува се подобар. Издувот има два, асиметрични, отвори. При понизок rpm, се креира звучен бран кој има пониска фрекфенција.

6. Up/down менувачот го забрзува менувањето на брзини. Преносот за прва и втора брзина расте повисоко во споредба со постарата, inline-3, трансмисија.

7. Оваа машина има алуминиумска, diecast, twin-spar рамка. Таа е покомпактна од верзијата која ја менува а од Yamaha велат и дека обезбедува подобро чуство со предниот дел на мотоциклот.

2021 Yamaha Tracer 9 GT First Look sport touring motorcycle 13

8.  Box-section конструкцијата и дава на алуминиумската задна вилушка поголема ригидност. Иако личи на задната вилушка која ја има кај MT-09, онаа кај GT е за 2.4 инчи подолга. Резултатот е растојание меѓу осовините од 59.1 инчи а со тоа и подобра стабилноста. Уште еден плус за спорт-туринг мисијата.

9.  Полуактивната KYB суспензија е стандарден дел. Работејќи заедно со новиот шест оскен IMU, KYB суспензијата постојано се прилагодува со цел на 2021 Yamaha Tracer 9 GT да му обезбеди поголема стабилност додека возите. Има два режими, А-1 за подобро управување кога возите спортски и А-2 за подобар комфорт доколку се решите за туринг опцијата.

2021 Yamaha Tracer 9 GT First Look sport touring motorcycle 22

10. GT има контрола на тракцијата, контрола на тркалото, ABS. Сите овие работи внимателно ги следи компјутерот. Параметрите можат да се прилагодат преку екранот како и неколкуте копчиња кои се наоѓаат на левата страна.

11. Има две нивоа на ABS. BC1 е стандарден ABS кога возите исправено додека пак BC2 е наменет за свиоците. Напред има 298 милиметарски дискови.

12. 2021 Yamaha Tracer 9 GT има два, 3.5 инчни TFT екрани. Распоредени еден до друг, на нив можете да видите неколку групи со информации. На десната страна имате четири дисплеи кои обезбедуваат различни податоци.

2021 Yamaha Tracer 9 GT First Look sport touring motorcycle 21

13. Yamaha обезбедува персонализирање на ергономијата. Има две нивоа за подесување на висината на седиштето. Исто така има и две позиции за држачите за нозете како и неколку опции за прилагодување на рачките. Може да се прилагоди и ветробранското стакло.

14.  LED cornering lights ви помагаат подобро да гледате во свиоците кога е темно. Како што го навалувате мотоциклот во свиокот, благодарение на светлата вие можете да видите на каде се движите.

15.  Мотоциклот има Dunlop Sportmax GPR-100 пневматици кои се монтирани на нови, „spin-forged“ алуминиумски бандажи.

2021 Yamaha Tracer 9 GT First Look sport touring motorcycle 11

16.  Туринг возачите ќе биде пресреќни од страничните кутии за багаж. Во секоја од кутиите можете да сместите по една кацига.

17.  Кога ќе се појави мотоциклот во март, 2021 Yamaha Tracer 9 GT ќе има цена од 12 200 евра. Тоа е компетитивна цена со оглед на просторот за багаж како и полуактивната суспензија кои доаѓаат како стандарден дел.

Спецификации: 2021 Yamaha Tracer 9 GT

Мотор

  • Type: Inline-3
  • Displacement: 890cc
  • Bore x stroke: 78.0 x 62.1mm
  • Compression ratio: 11.5:1
  • Valvetrain: DOHC, 4vpc
  • Transmission: 6-speed
  • Clutch: Wet multi-plate disc; assist and slipper
  • Final drive: Chain

Шасија

  • Frame: Controlled-fill die-cast aluminum w/ subframe
  • Front suspension; travel: Fully adjustable, semi-active KYB 41mm inverted fork; 5.1 inches
  • Rear suspension; travel: Fully adjustable, semi-active horizontal KYB shock; 5.4 inches
  • Tires: Dunlop Sportmax GPR-100
  • Front tire: 120/70 x 17
  • Rear tire: 180/55 x 17
  • Front brakes: 298mm discs w/4-piston Nissin calipers
  • Rear brake: 245mm disc w/single-piston Nissin caliper
  • ABS: Standard

Димензии и Капацитет

  • Wheelbase: 59.1 inches
  • Rake: 25.0 degrees
  • Trail: 4.3 inches
  • Seat height: 31.9 or 32.5 inches
  • Fuel capacity: 5.0 gallons
  • Estimated fuel consumption: 49 mpg
  • Curb weight: 485 pounds (sans side cases)
  • Colors: Redline; Liquid Metal

Цена на 2021 Yamaha Tracer 9 GT Price: 14,899 долари / 12 200 евра

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Еден од најперспективните млади Мотокрос возачи во класата MX85 Антонио Дамјановски од Битола оваа сезона ќе настапува со лиценца од мото клубот „Enduro Team Vodno“ од Скопје.

Ducati стана вториот фабрички тим кој потврди дека ќе остане дел од MotoGP најмалку до 2026 година.

Поранешниот MotoGP возач ќе мора да почека некој друг ден за да дебитира во WorldSBK серијата.

Harley-Davidson малку го зголеми капацитетот кај одредени машини. Наместо 1753cc, Street Bob сега има 1868cc.

Откажувањето на тестот во Катар, поради строгите правила на Малезиската влада, ги промени плановите на MotoGP тимовите.

Како што се приближува стартот на сезоната 2021, Пол Еспаргаро ги сподели неговите размислувања за преминот во еден од најпознатите тимови. Ова е исполнување на сонот, вели Еспаргаро.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.