Мотоцикли

Прв преглед: 2021 Triumph Rocket 3 R Black и Rocket 3 GT Triple Black

Ново изненадување за фановите на Triumph.

Следете нè на:

 

Ново изненадување за фановите на Triumph.

Овој пат зборуваме за два модели, 2021 Triumph Rocket 3 R Black и Rocket 3 GT Triple Black. Низ целиот свет ќе бидат пуштени во продажба само 1000 примероци а секој од нив ќе има посебен сертификат за автентичност.

Основните Rocket 3 модели веќе го имаат најголемиот мотор кој има 165 коњски сили при 6,000 rpm како и 163 foot-pounds of torque при 4,000 rpm. Заедно со поголемиот дел од техничките спецификации, ова останува исто и кај Rocket 3 R Black и Rocket 3 R Triple Black. Она што ги дели овие два модели е изгледот.

Black и Triple Black машините се наоѓаат некаде помеѓу основните модели и Triumph Factory Custom (TFC) и преставуваат достапна машина за сите оние кои сакаат нешто уникатно. Во однос на основните Rocket 3, од компанијата велат дека тие се продаваат многу добро. Не е изненадување и тоа дека во САД најмногу се продаваат Rocket моделите, иако нивната продажба постепено расте и во Европа.

Triumph Rocket 1

Од компанијата велат дека наскоро на пазарот ќе се појават нови TFC но и дека следната генерација на овие мотоцикли нема да биде Rocket 3.

Rocket 3 R Black

Rocket 3 R Black има црна боја а црн е исто така и знакот на Triumph. Темна боја имаат и штитниците за топлина, долниот дел од вилушката како и голем број на елементи кои се израбортени од алуминиум. Според компанијата, овој ефект дава многу поинаква слика на мотоциклот.

Triumph Rocket 2

Rocket 3 GT Triple Black

Зошто Triple Black за GT? Од компанијата велат дека бојата на оваа верзија всушност се три различни нијанси на сива и црна. Од компанијата велат дека продажбата е подеднакво добра за R и GT а дека бојата само треба да им помогне на клиентите при нивниот избор помеѓу двата мотоцикли. Според мене, дизајнот на Triple Black изгледа многу порафиниран.

Triumph Rocket 3

Triumph ги гледа Ducati Diavel/XDiavel како и поголемите Harley-Davidson модели како главни ривали на овој мотоцикл. Rocket 3 е еден од главните модели на Triumph и очекуваат овие лимитирани верзии веднаш да се продадат.

Се сеќавате на Street Twin Gold Line лимитираната верзија од пред неколку недели? Имам чуство дека Triumph ќе направи лимитирана верзија и од останатите модели.

Triumph Rocket 4

Rocket 3 R Black и Rocket 3 GT Triple Black ќе се најдат во продавниците кон крајот на април.

Од Triumph велат дека продавачите можат уште сега да прифаќаат депозити за овие мотоцикли. Доколку и вие сте заинтересирани за оваа машина, тогаш треба да побрзате и да ги нарачате.

2021 Triumph Rocket 3 R Black and Rocket 3 GT Triple Black
Price (MSRP) $23,700 R Black; $24,400 GT Triple Black
Engine type Liquid-cooled, inline triple
Displacement 2,458 cc
Bore x stroke 110.2 mm x 85.9 mm
Compression ratio 10.8:1
Torque/horsepower 163 foot/pounds @ 4,000 rpm; 165 @ 6,000 rpm
Transmission Six gears, shaft final drive
Front suspension 47 mm inverted Showa fork; adjustable rebound and compression damping
Rear suspension Showa fully adjustable shock, remote preload adjuster
Front brake Twin 320 mm discs, Brembo M4.30 Stylema four-piston radially mounted monoblock calipers, ABS
Rear brake Single 300 mm disc, Brembo M4.32 four-piston caliper, ABS
Tires front/rear 150/80R17; 240/50R16
Steering head angle/trail 27.9 degrees/5.3 inches
Wheelbase 66 inches
Seat height 30.4 inches (R Black); 29.5 inches (GT Triple Black)
Tank capacity 4.8 U.S. gallons
Dry weight 642 pounds (R Black); 648 pounds (GT Triple Black)

Би можело да ве интересира

Овој систем прв пат беше употребен на трката во Лосаил.

Во било која друга година, пад на продажбата од 10% би значело и барање на оставка од претседателот на бордот на директори на компанијата.

МотоГП тимот на Репсол Хонда во денешното соопштение го потврди враќањето на Марк Маркез на патеката.

Сите работи кај R18 крузерите на BMW се огромни.

Suzuki почна да објавува информации за GSX-S1000.

Поранешните натпреварувачи се одлични аналитичари на трките со мотоцикли. Тие разбираат како функционираат тркањето и мотоциклите и обезбедуваат фантастичен увид во спортот.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.