Мотоцикли

Kawasaki Ninja 700 Middleweight-Twin

Интернетот е полн со гласини за Kawasaki Ninja 700.

Следете нè на:

 

Интернетот е полн со гласини за Kawasaki Ninja 700.

Според гласините, мотоциклот ќе биде еволуција на актуелниот Kawasaki Ninja 650, но ќе има и одредени промени за да може да се натпреварува со Yamaha MT-07 па дури и со Aprilia RS 660.

Тешко е да се каже дали ова е точно или не, но самата идеја има одредена логика.

Middleweight-twin категоријата долго време беше запоставена во мото индустријата. Таму главен беше Suzuki SV650 кој во изминативе дваесетина години претрпе, слободно можеме да кажеме само скромни промени.

Кога Yamaha MT-07 се појави на сцената беше додадена уште една опција за возачите. Дел од продажбата на Suzuki тогаш се префрли кај Yamaha но не можеме да кажеме дека овој сегмент отиде значително наред.

Aprilia RS 660 значително ги промени работите. Италијанскиот бренд додаде повеќе опции но исто така имаше и поголема цена.

Со RS 660 и Tuono 660 Aprilia продолжи да нуди мотоцикли кои нудат многу во однос на цената. Продажбата на оваа класа на мотоцикли треба да покаже дали на потрошувачите им одговара поскапувањето но според досегашните податоци, тоа не претставува голем проблем.

Ninja main 25 03

Тоа не носи кај Kawasaki, кои во овој момент сигурно се чуствуваат малку запоставено. Имаше период кога Ninja 650 беше прв избор на возачите од средна категорија, особено на Isle of Man TT, но поголем дел од тие денови веќе исчезнаа.

Со оглед на популарноста која ја има оваа класа, Kawasaki би можел да понуди нешто повеќе, а токму поради тоа почнаа да се појавуваат и гласините.

Дали Team Green ќе ги спакува сите работи во една прифатлива цена како SV650 и MT-07 или пак Јапонскиот бренд ќе ги следи потезите на Европските компании? Како и секогаш, само времето ќе покаже.

Би можело да ве интересира

Овој систем прв пат беше употребен на трката во Лосаил.

Во било која друга година, пад на продажбата од 10% би значело и барање на оставка од претседателот на бордот на директори на компанијата.

МотоГП тимот на Репсол Хонда во денешното соопштение го потврди враќањето на Марк Маркез на патеката.

Сите работи кај R18 крузерите на BMW се огромни.

Suzuki почна да објавува информации за GSX-S1000.

Поранешните натпреварувачи се одлични аналитичари на трките со мотоцикли. Тие разбираат како функционираат тркањето и мотоциклите и обезбедуваат фантастичен увид во спортот.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.