Мотоцикли

Прв преглед: 2022 Indian Chief

Пред 100 години Indian го претстави првиот Chief модел.

Следете нè на:

 

Пред 100 години Indian го претстави првиот Chief модел.

Прв пат се појави во 1922 година и низ текот на годините ги освои симпатиите на многу возачи, вклучувајќи го и мојот дедо. Chief исчезна некаде после Втората Светска војна а целосно го снема заедно со Indian во 1953 година. Оттогаш има неколку обиди за негов рестарт а последниот ни доаѓа од Polaris.

2022 Chief 02 1

„Indian Chief  е познат мотоцикл низ целиот свет а најдобар начин да го прославите неговиот стоти роденден е со целосно нова линија на Indian Chief  модели“, изјави Мајк Догерти, претседател на Polaris Motorcycles. „Овие мотоцикли ги карактеризира едностаноста во однос на механиката и ставот кој го имаат класичните, Американски, V-twin модели заедно со модерните додатоци. Навистина сме возбудени што ја воведуваме оваа нова платформа. “

2022 Chief Bobber Dark Horse 10 2 copy

Сите 2022 Chief модели се базираат на истата челична рамка и Thunderstroke моторот кои има воздушно ладење. „Сакавме да го доловиме безвременскиот изглед кој никогаш не излегува од мода“, вели Ола Стенегард, директор на одделот за Индустриски Дизајн. „Исто така сакавме тој да биде доволно едноставен и да дозволиме да се развива според имагинацијата на возачите.“ Стенегард претходно дизајнираше модели на BMW Motorrad а има работено и на S 1000 RR и R nineT.

Design History 06 3

Овие мотоцикли имаат 64 инчна основа и агол на навалување од 28.5 степени. Најлесниот од моделите тежи 303 килограми а висината на седиштето изнесува 66 сантиметри.

2022 Chief Bobber Dark Horse 28 4

Меѓу новите додатоци се: Старт без клуч, неколку режими на возење, конттола на возењето,LED светла.Во однос на Dark Horse и лимитираната линија на мотоцикли, Indian се многу горди на нивниот четири инчен дисплеј. Ако сакате да креирате ваква машина, тогаш морате да имате дисплеј кој има округла форма. Компанијата додеде екран кој реагира на допир и на кој можете да го поврзете вашиот телефон.

2022 Chief 03 5

2022 Indian Chief and Chief Dark Horse

Препорачаната цена на стандардниот модел на Chief изнесува 12.000 евра и веројатно тој е најпрактичниот од целата линија. Опремен е со „cast“ тркала (19 инчни напред и 16 инчни позади), „drag“ рачки како и контроли. Во центарот на оваа машина секако се наоѓа Thunderstroke 111.

2022 Chief 16 6

Со Dark Horse моделот,чија препорачана цена изнесува 14.000 евра, го добивате кружниот дисплеј, Thunderstroke 116 како и елементи во црна боја.

2022 Chief Bobber Dark Horse 12 7

2022 Indian Chief Bobber и Bobber Dark Horse

Chief Bobber, чија препорачана цена изнесува 13.400 евра, не е ист „bobbed“ како и кај другите производители , пред се бидејќи амортизерите на моделот на Chief веќе се доволно спортски. Единечното седиште и 16 инчните тркала го дефинираат овој модел заедно со суспензијата и рачките. Направен е да наликува на V-twin моделите кои се појавија после Втората Светска војна.

Премиум моделот, Chief Bobber Dark Horse (16.000 евра) го има 116 моторот, округол дисплеј и повеќе црни елементи.

2022 Super Chief Limited 03 8

2022 Indian Super Chief и Super Chief Limited

Она што го карактеризира Super Chief (15.500 евра) се ветробранското стакло, страничните куфери, како и дополнителното седиште. Тој ги има истите „spoked“ тркала кои можат да се најдат кај моделот Bobber, покриена суспензија, хромиран издув и традиционални рачки.

2022 Super Chief Limited 20 9

Super Chief Limited (17.600 евра) го карактеризираат металик деловите. Трите верзии на бои, Black Metallic, Blue Slate Metallic и Maroon Metallic го прават Super Chief Limited да изгледа истовремено елегантен и класичен. Секако, тука е и Thunderstroke 116.

Делови и додатоци

Дали можеме да зборување за вистински Американски V-twin ако нема многу додатоци? Indian е опремен со придушувач на звук, седиште за сопатник, ветробранско стакло, загреани рачки и уште многу други работи. Јасно ви е за што зборуваме.

Roadmaster, Chieftain и Springfield кои се опремени со Thunderstroke како и Challenger кој има мотор со течно ладење, се уште се наоѓаат на врвот на линијата на мотоцикли на Indian. Старите, Vintage Chief, модели сега се нарекуваат само Vintage. Ова прави новата Chief линија да се најде на првото место кај компанијата во нивниот обид а се пробијат напред.

2022 Super Chief Limited 29 10

Ако за Challenger и неговиот PowerPlus мотор може да се каже дека го издвојуваат Indian од Harley-Davidson, тогаш на новите Chief модели може да се гледа како на обид  да се нападнат Softail Standard (11.500 евра), the Street Bob 114 (12.600 евра) и Heritage Classic (16.000 евра). Овие модели, исто така, преставуваат и враќање кон основата на Indian.

Во однос на стилот, овие модели изгледаат многу почисти и јасни во однос на постарите Vintage Chief модели, но тоа е сепак мое мислење. Линијата 2022 Indian Chief ќе се најде во продавниците од април оваа година.

2022 INDIAN CHIEF LINE
Price (MSRP)
$14,499 (base Chief), $15,999 (base Chief Bobber), $18,499 (base Super Chief)
Engine
1,811 cc (Thunderstroke 111), 1,890cc (Thunderstroke 116), air-cooled, 49-degree V-twin
Transmission,
final drive
Six-speed, belt
Claimed horsepower
N/A
Claimed torque
N/A
Frame
Steel tube with cast aluminum rear subframe
Front suspension
46 mm fork; 5.2 inches of travel
Rear suspension
Dual gas-charged shocks, adjustable preload; 3.0 inches of travel
Front brake
Single four-piston caliper, 300 mm disc, ABS
Rear brake
Single two-piston caliper, 300 mm disc, ABS
Rake, trail
29 degrees, 5.2 inches
Wheelbase
64 inches
Seat height
26 inches
Fuel capacity
Four gallons plus reserve
Tires
Pirelli Night Dragon, 130/60R19 front (Chief), 130/90/R16 front (Chief Bobber, Super Chief), 180/65R16 rear
Claimed weight
670 pounds (Chief), 694 pounds (Chief Bobber), 739 pounds (Super Chief)
Available
April 2021
Warranty
24 months, unlimited miles
More info

Би можело да ве интересира

Овој систем прв пат беше употребен на трката во Лосаил.

Во било која друга година, пад на продажбата од 10% би значело и барање на оставка од претседателот на бордот на директори на компанијата.

МотоГП тимот на Репсол Хонда во денешното соопштение го потврди враќањето на Марк Маркез на патеката.

Сите работи кај R18 крузерите на BMW се огромни.

Suzuki почна да објавува информации за GSX-S1000.

Поранешните натпреварувачи се одлични аналитичари на трките со мотоцикли. Тие разбираат како функционираат тркањето и мотоциклите и обезбедуваат фантастичен увид во спортот.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.