Мотоцикли

Project 1708 на Ducati ни ветува супербајк машина која ќе има 234 коњски сили

Сите знаевме дека ќе дојде време кога Ducati ќе креира „Superleggera“ верзија на Panigale V4.

Следете нè на:

Сите знаевме дека ќе дојде време кога Ducati ќе креира „Superleggera“ верзија на Panigale V4.

Иако можеби не требаше да очекувавме да го видиме мотоциклот на EICMA мото шоуто минатата година, се надеваме дека машината оваа година ќе се најде на пазарот.

Веста се прошири откако првиот човек на Ducati, Клаудио Доменикали, испрати слики до неколку лица со кои најави дека наскоро ќе се појави „Project 1708“.

А денес за прв пат успеавме да видиме дел од спецификациите. Како ви звучат 234 коњски сили, 152 килограми и аеродинамични крилца од MotoGP?

Во моментов не е познато дали Ducati го користи 1,103cc V4 моторот кој може да се најде кај Panigale V4 и Panigale V4 S или пак моторот со зафатнина од 998cc кој го има Panigale V4 R.

Според она што можеме да го видиме, се чини дека Ducati има направено многу мали промени кај V4 моторот кој и онака веќе е многу моќен.

Тоа значи дека може да очекуваме 234 коњски сили и издув од Акраповиќ, истиот оној кој го има кај Superleggera V4.

Покрај овие работи, можеме да очекуваме и тркала и рамка изработени од јаглеродни влакна, а се чини и дека аеродинамиката доаѓа од Desmosedici GP16 MotoGP мотоциклот.

Шарите на машината доаѓаат од 2019 MotoGP програмата. Производството ќе биде во ограничена количина и можеме да очекуваме дека ќе бидат произведени околу 500 примероци.

Цената на овој мотоцикл на пазарот во САД се очекува да изнесува околу 100 000 долари а доставата ќе почне од мај 2020-та година.

Наскоро очекувајте повеќе информации.

Ducati Project 1708 txt 17 01

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Трката која требаше да се вози на 7-ми јуни на патеката Орман крај Скопје се одложува до следниот викенд, односно 14-ти јуни.

Уште една трка помалку во календарот за 2020, со денешната одлука на Дорна, и трката во Јапонија се откажува во целост.

Со денешната одлука на Дорна откажани се трките во Британија (Силверстоун) и Австралија (Филип Ајленд).

Официјално денеска беше ставен потпис на договор со кој Џек Милер ќе биде еден од возачите за фабричкиот тим на Дукати во 2021 со можност договорот да се продолжи на уште една година.

Според зборовите на неговиот менаџер, легендариот Кенан Софуоглу, за Топрак веќе постои интерес од МотоГП тимовите.

По изјавата на шефот на Петронас тимот, дека Роси е жива легенда но тој не би сакал да дојде во тимот само за да се збогува со МотоГП, „Докторот“ денеска даде свое видување на ситуацијата.

Реклами

Листа на мото настани

  • 12 Јуни 2020 - 14 Јуни 2020
  • 12 Другари
  • Ваташа, Кавадарци

  • 19 Јуни 2020 - 21 Јуни 2020
  • Club house
  • Скопје, Водно

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.