Пазарот со авантуристички мотоцикли забрзано се развива.

Пазарот со авантуристички мотоцикли во моментов забрзано се развива. Речиси сите компаниии имаат по еден или два мотоцикли, а постојано имаме најава и за нови модели. Велам речиси, бидејќи една компанија очигледно недостасува. Откако го запре развојот на KLR 650 во 2018 година, Kawasaki не е дел од овој сегмент. Но тоа би можело да се смени откако се појавија информации дека компанијата планира да не изненади со нешто ново во 2021 година.

Веќе подолг период се прашував дали Kawasaki има намера да се врати на пазарот со авантуристички мотоцикли. Ова толку многу ме заинтересира што дури почнав да ги прашувам и вработените во компанијата. Секако, никој не сакаше директно да ми одговори, но на нивните лица можеше да се забележи дека нешто се подготвува во позадина, особено кога ќе спомнев „KLR“.

rumor kawasaki klx 700

Нашите колеги од OmniMoto велат дека се подготвува наследник на KLR. Според нивните извори, новата машина најверојатно ќе личи на KLX, моделот кој беше претставен на почетокот на деведесетите години. Мотоциклот ќе има дво цилиндричен мотор и ќе позајми неколку работи кои веќе ги има кај Ninja и Versys. Моторот би можел да има и до 700cc и би требало да им биде директен конкурент на Yamaha и КТМ.

Имам неколку пријатели кои веќе имаат KLR и морам да признаам дека се многу задоволни. Ги прашав што мислат за новата машина која наместо единечен ќе има дво цилиндричен мотор и потврдно ми одговорија. Според нив, тоа ќе му даде на мотоциклот повеќе опции.

Мене лично ме интересира што следно Kawasaki ќе ни претстави на пазарот. H2 и W800 се одлични но многу подобро ми звучи нов KLR. Што мислите за дво цилиндричен KLX 700?

Back To Top