Мотоцикли

Преглед: 2019 Honda PCX150

Не знам како изминатава година не успеав да ја забележам новата и подобрена 2019 Honda PCX150.

Следете нè на:

 

Не знам како изминатава година не успеав да ја забележам новата и подобрена 2019 Honda PCX150.

Опремен со нова рамка, променет издув, неколку режими на возење и ABS како опција, од Honda велат дека PCX150 ги комбинира практичното и забавното. Самото чувство кога сте на мотоциклот сега е многу попријатно а подобрено е и управувањето.

Кога ги прашавме од компанијата да ни дадат подетални информации за оваа машина, ни ги испратија следниве работи:

-Моторот со течно ладење нуди попријатни перформанси.

-Резервоарот за гориво собира 7.9 литри.

-Поголемиот филтер за фоздух и подобрениот издув овозможуваат поголема моќност.

-Новата рамка ја намалува тежината и ја зголемува стабилноста.

-Задните амортизери го подобруваат комфорот.

-Стилските бандаши го подобруваат управувањето.

-Големите, 100/80-14 напред и 120/70-14 позади, тркала ја намалуваат загубата на енергија.

-Модерен LCD дисплеј.

-Поголем простор за багаж.

- ABS опцијата нуди поголемо чувство на безбедност.

Со полн резервоар, кој собира речиси 8 литри, Honda вели дека тежината на мотоциклот изнесува 131 килограм. Еден наш колега ја испроба оваа машина и еве што вели.

Honda PCX150 txt 1 27 12 copy

„Бев внимателен при сопирањето и мислев дека тоа што не сум многу висок може да биде проблем. Но нозете ми беа на точната позиција на која треба да бидат и добро се справував со мотоциклот. Искрено, не знам зошто се плашев на почетокот. За многу брзо време ми се врати самодовербата.“

„Многу малку време ми требаше за да научам како да го возам PCX . А ако сакате побрзо да научите, немојте да бидете бавни. Исто како и кога учите да скијате. Забрзајте и ќе видите како работите се отвораат пред вас. “

„И свиоците беа полесни отколку што очекував. На почеток само ја користев задната сопирачка, исто како и кога возите велосипед, но набрзо ми стана јасно дека е многу полесно доколку ја користите предната кочница.“

„Седиштето е многу удобно а на овој скутер ќе се чувствувате убаво дури и ако сте ниски. И позицијата на рачките е добра. Единствен проблем ми беше позицијата на сопирачките и дека требаше да ги стиснам малку посилно.“

„Прекрасно си поминав возејќи го скутерот. Сега не можам да дочекам да си купам кацига, јакна и чизми. Сигурно ќе ми требаат уште неколку додатоци.“

Нашиот колега беше во право за сопирачките. Не можев со два прста да го вклучам ABS системот а кога при брзина од 70км/ч посилно притиснав на сопирачката слушнав силен звук. Тогаш ми стана јасно дека скутерот кој го имав јас е без ABS. Предното тркало можете да го закочите со четири прста а сопирачките се доволно лабави за да не мора да плаќате дополнително за ABS опцијата. Освен доколку не возите постојано на дожд. Сопирачката не е прилагодлива и не е лесна за притискање.

Honda PCX150 txt 3 27 12 copy

Тука завршуваат сите забелешки. Пред неколку години кога ги споредувавме PCX со SMAX скутерот на Yamaha, мотоциклот на Honda загуби бидејќи имаше максимална брзина од 101 км/ч. Кај новиот скутер максималната брзина е зголемена. Иако забрзувањето не е линеарно, мотоциклот може да достигне брзина од 111 километри на час. 10 км/ч можеби не е премногу но сепак преставува значително подобрување.

Honda PCX150 txt 4 27 12 copy

Стабилноста не е доведена во прашање со оглед на 14 инчните тркала.  Максималната носивост изнесува 166 килограми што значи дека можат да се превезуваат две лица без да се наруши структурата на скутерот.

Скутерот изгледа прекрасно и никој нема да се налути доколку се паркирате баш пред објектот во кој сакате да влезете. Многумина сигурно ќе сакаат да ви раскажат за нивната историја и како во минатото и тие имале скутери но поради разни причини морале да се откажат од нив.

Honda PCX150 txt 5 27 12 copy

Просторот за багаж не е многу голем но сигурно ќе ги собере производите кои ги имате купено во продавница. Од страна има простор каде можете да го наполните вашиот телефон.

Навистина не ми е јасно зошто сите луѓе на планетава немаат по еден ваков скутер дома. Кога ќе станам претседател ќе наредам сите лица кога ќе наполнат 16 години да имаат по еден ваков скутер. Од ова би имале двојна корист. Од една страна децата нема да седат дома цело време а од друга страна, за мала цена, ќе се намали потребата од јавен транспорт.

2019 Honda PCX150
Engine Type 149 cc, liquid-cooled single-cylinder four-stroke
Fuel System PGM-FI with automatic enrichment
Valve Train SOHC, two valves
Transmission Honda V-Matic belt-converter automatic transmission
Final Drive Belt
Front Suspension 31mm hydraulic fork; 3.94 inches of travel
Rear Suspension Twin shock, 3.33 inches of travel
Front Brake Single 220mm disc with three-piston caliper and Combined Braking System
Rear Brake 130mm drum with CBS
Front Tire 100/80-14
Rear Tire 120/70-14
Wheelbase 51.8 inches
Seat Height 30.1 inches
Weight 289 pounds (claimed, ready to ride)
Fuel Capacity 2.1 gallons
Tested Fuel Economy 85 mpg
Available Colors Bright Bronze Metallic
Warranty Transferable one-year unlimited-mileage limited warranty

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

„Можеби за време на тестот нема да можам да го извозам планираниот број на кругови“ – Марк Маркез

„Yamaha работи напорно и ќе се обиде уредот да биде готов за тестот во Малезија“- Маверик Вињалес

Компанијата Мото-Пром од Гевгелија од неодамна е новиот увозник на брендот Кавасаки за Македонија.

Макс Биаџи и Хју Андерсон ќе му се приклучат на Хорхе Лоренцо и оваа сезона ќе станат дел од MotoGP Legends листата.

Стартот на оваа година веќе ни навестува дека таа ќе биде многу интересна и возбудлива, особено за Motul. 

„Имам слушнато многу работи за Кени Робертс, дека тој е еден од возачите кој го има променето самиот концепт. Марк е ист како него, тој го промени начинот на кој возиме“ – Данило Петручи.

Реклами

Листа на мото настани

  • 22 Февруари 2020 - 22 Февруари 2020
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.