После неколку месеци најава, Triumph конечно ја претстави продукциската верзија на новиот Rocket 3. И што е уште поинтересно, има два модели.

После неколку месеци најава, Triumph конечно ја претстави продукциската верзија на новиот Rocket 3. И што е уште поинтересно, има два модели.

Наречени R и GT, новите мотоцикли се големи крузери кои во себе го имаат целото знаење кое Triumph го стекна во изминативе 15 години, уште откако за прв пат беше преставен оригиналниот Rocket III.

triumph rocket 3 large txt 1 02 08

Во центарот на новиот модел се наоѓа 2500cc in-line triple моторот. Тоа е најголемиот мотор кој го има  некоја продукциска машина. Овој мотоцикл има и 163ftlb, што е далеку поголемо отколку кај било кој друг мотоцикл кој во моментов го имаме на пазарот. Намалена е тежината на моторот за 18 килограми а Rocket 3 исто така има и 7000rpm. Со ова е за 11 % зголемен бројот на коњски сили кој сега изнесува 164.7.

Машината има и нов електронски пакет кој е поддржан од Inertial Measurement Unit (IMU). Ова овозможува стандардни делови да мотоциклот бидат ABS сопирачките како и контролата на тракцијата. Исто така тука е и ride-by-wire како и четири режими на возење.

triumph rocket 3 large txt 3 02 08

Друга голема промена имаме кај шасијата. Новата главна рамка е изработена од алуминиум а нејзините централни делови го обвиваат моторот. Резултатот од ова е намалување на тежината за 22 килограми. Ако на ова се додаде намалувањето кое го имаме кај моторот, тогаш новиот модел е за 40 килограми полесен во споредба со претходната верзија.

Новата суспензија од Showa вклучува 47mm прилагодлива вилушка и прилагодлив амортизер на задниот дел на мотоциклот. Поради големата моќност на оваа машина, имаме Brembo сопирачки како и Avon Cobra пневматици. На задниот дел на мотоциклот, таа е значително подобела отколку на предниот дел.

triumph rocket 3 large txt 5 02 08

Покрај сите овие работи, мотоциклот има уште многу други додатоци. Тука се контролата на патувањето како и најновиот TFT дисплеј.

Кога новиот Rocket 3 ќе се најде во продажба, ќе има два модели: R и GT.  Верзијата R е “roadster“ модел кој има поспортска позиција на возење и кој треба да му биде конкуренција на Diavel. Кога ќе се најде во продажба во декември, верзијата R би требало да се продава по цена од 21000 евра.

triumph rocket 3 large txt 4 02 08

Triumph исто така го престави и моделот GT наменет за фановите на Rocket  традицијата. Поголем дел од работите, моторот, рамката и суспензијата  се идентични ,но сепак има мали промени. Рачките кај GT се малку поназад а тоа обезбедува поудобна позиција на возење. Двојното седиште на овој мотоцикл е за 23 милиметри пониско. GT исто така има помал екран како и загреани рачки.

Различни се и боите (Phantom Black and Silver Ice). За двата мотоцикли има и голем број на додатоци.  Се уште не е позната неговата цена но можеме да очекуваме GT да биде малку поскап и да се продава по цена од 21700 евра.

Back To Top