Мотоцикли

Забележан новиот Triumph Tiger

Triumph работи на Tiger 800 кој треба да биде главна конкуренција на мотоциклите од средна категорија.

Следете нè на:

 

Triumph работи на Tiger 800 кој треба да биде главна конкуренција на мотоциклите од средна категорија.

Актуелниот 800 има послаб мотор во споредба со своите ривали и затоа се очекува новиот модел да има поголем капацитет. Новиот Tiger 800 би требало да има 887cc. Мотоциклот се очекува да има нешто повеќе од 100 bhp како и комплетно нов сет на електроника. Актуелниот модел нема ABS ниту пак контрола на тракцијата а ова се само дел од работите кои недостасуваат во споредба со KTM 790 Adventure и BMW F850GS. Промени има и кај шасијата.

triumph tiger 800 spy shots 720x540 2

Суспензијата доаѓа од Showa наместо од WP а мотоциклот сега е малку понизок. Ова, заедно со новата задна вилушка би требало да го направи мотоциклот подобар за оф роуд возење. Сепак, 17 инчното задно тркало ни навестува дека ќе биде одличен и за возење на асфалт. Останатиот дел од додатоците, меѓу кои се седиштето, дршачите за нозе и рачките, даваат слика дека станува збор за „trail“ мотоцикл.

Во однос на самиот изглед на мотоциклот, има големи промени кај предниот дел кој сега е многу сличен со „Tramontana“ рели мотоциклот кој Triumph го произведе пред две години. Во последно време многу е популарен овој изглед и се чини дека компанијата сака да го искористи тоа.

triumph tiger 800 spy shots 720x540 3

Вреди да се напомене и тоа дека овој мотоцикл најверојатно ќе ја има третата генерација на TFT дисплејот кој изгледа многу поголем од актуелната верзија. Големи се шансите Triumph да престави неколку мотоцикли а овој модел да биде предводник на XC фамилијата.

Но со оглед на тоа дека моделите од линијата 800 беа преставени пред само две години, големи се шансите овој мотоцикл да не се појави на пазарот во скоро време.

triumph tiger 800 spy shots 7 720x540

Од Triumph одбија да дадат свој коментар на фотографиите.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката Мотеги во Јапонија ќе се одржи 16-та трка од МотоГП шампионатот.

Kawasaki полека ни открива нови информации околу нивниот „supercharged“ мотоцикл.

Маверик Вињалес вели дека има неверојатно чувство со мотоциклот и на трката која ќе се вози во Јапонија, ќе продолжи да се бори за подобар пласман.

Андреа Довициозо и Данило Петручи до крајот на сезоната имаат за цел да постигнат што е можно подобар пласман.

„Не сме задоволни од последните резултати и во Мотеги ќе испробаме други опции“ - Валентино Роси

Јохан Зарко се враќа во MotoGP и во последните три трки од сезоната ќе вози за LCR Honda.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.