Triumph ја потврди информацијата дека Daytona 765 Moto2 ќе се појави на пазарот.

Нашите информации уште еднаш се покажаа како точни откако Triumph ја потврди веста дека Daytona 765 Moto2 мотоциклот ќе се појави на пазарот но во ограничен број.

Официјално наречен „Triumph Daytona Moto2 765 Limited Edition“, мотоциклот е токму тоа што го очекувате – тркачки  Moto2 мотоцикл кој легално ќе можете да го возите на улиците.

Triumph Daytona 765 Moto2 test bike 08

Првиот официјално лиценциран Moto2 мотоцикл ќе биде достапен во само 1530 примероци. Од нив, 765 ќе се најдат на пазарите во Европа и Азија а 765 во САД и Канада.

Своето официјално деби Triumph Daytona Moto2 765 ќе го има на 23-ти август за време на одржувањето на MotoGP трката во Силверстоун. Наскоро очекувајте ги и целосните спецификации како и цената на овој мотоцикл.

Оваа информација сигурно ќе ги израдува фановите на спортските мотоцикли кој останаа разочарани откако Triumph одлучи да го повлече Daytona од својата линија на мотоцикли.

Back To Top