Мотоцикли

Персонализиран CB1000R

Ова не е стандарниот модел на кој сите сме навикнати.

Следете нè на:

 

Понекогаш ваквите модели се толку неверојатни и се што ни останува е само со воодушевување да гледаме во нив. Ова е еден од тие мотоцикли. Honda CB1000R е одлична платформа за ваква креација.

Овој модел самиот посебе е неверојатен. Има 1000cc inline-4 мотор кој може да се најде кај некои од спортските мотоцикли на Honda. Но кога ќе го споредите со стандардниот модел, оваа верзија не е толку пријателски настроена. Можете да ги видите спуштените шипки но сигурни сме дека првото нешто кое сите го забележуваат е неверојатната комбинација на бои.

Да ви откријам нешто. Оваа боја не е случајно добиена. Таа е специјално креирана и е неверојатна. Gannett Design и Fuhrer Moto заедно ја дизајнираа и создадоа оваа машина. Со неа тие го освоија првото место на натпреварот на персонализирани мотоцикли кој се одржа во Швајцарија. Мотоциклот исто така беше дел и од Швајцарското мото шоу кое се одржа во Цирих.

cb1000r custom 2 txt 1 12 07

Предниот дел е малку променет во споредба со оригиналната верзија. Променета е позицијата на предните светла а стандардната вилушка е заменета со вилушка изработена од јаглеродни влакна и керамика. Со ова до 75 проценти се намалува тежината на предниот дел.

Rotobox ги обезбеди бандашите кои исто така се изработени од јаглеродни влакна. Пневматиците се на Dunlop а истите се користат и за трките на дожд во Moto2 серијата.

Наместо исправена положба на возење, на мотоциклот ќе бидете навалени малку напред. Издувот од Акраповиќ му дава една посебна убавина на задниот дел.

Повеќе фотографии од овој неверојатен модел ќе најдете на Pipeburn. Мотоциклот ќе биде преставен на неколку мото изложби ширум Европа а ако имате можност да го видите, слободно испратете ни уште фотографии.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Дали слушнавте? Yamaha најави промени кај 2020 Yamaha YZF-R1 и 2020 Yamaha YZF-R1M а двата модели ги престави овој викенд за време на трката од WorldSBK шампионатот која се возеше во Лагуна Сека.

Електричните мотоцикли не само што го променија возачкото искуство, за некои позитивно а за некои негативно, туку тие исто така влијаеа и на самиот изглед на мотоциклите. За дизајнерите, електричните мотоцикли истовремено преставуваат предизвик но и нови можности.

Фабио Куартараро вели дека следната етапа од неговата MotoGP кариера е да има добра борба со Маркез и Роси.

Алваро Баутиста ја започна втората трка во Лагуна Сека но се повлече после еден круг поради болки во рамото.

Џонатан Реа победи на Tissot-Superpole трката која се возеше во Лагуна Сека. На втората трка од WorldSBK на која победи возачот ка Ducati, Чез Дејвис, Реа заврши на втората позиција.

Серез ќе добие нов асвалт, а во Македонија не се ни спомнува изградбата на тркачка патека од која бенефит би имале сите.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

  • 10 Август 2019 - 10 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Битола

  • 24 Август 2019 - 24 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Прилеп

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.