Мотоцикли

Еве ги мотоциклите кои би можеле да ги видиме во 2020 година

Помеѓу фотографиите, гласините и веќе потврдените модели, не може со прецизност да се каже точно кои мотоцикли би можеле да ги очекуваме на пазарот.

Следете нè на:

 

Помеѓу фотографиите, гласините и веќе потврдените модели, не може со прецизност да се каже точно кои мотоцикли би можеле да ги очекуваме на пазарот.

Помеѓу фотографиите, гласините и веќе потврдените модели, не може со прецизност да се каже точно кои мотоцикли би можеле да ги очекуваме на пазарот. Но едно нешто е сигурно, а тоа е дека производителите секогаш имаат нешто интересно за нас.

ducati panigale txt 1 12 07

Ducati Panigale 959

Постоеа гласини дека помалата верзија на Panigale ќе добие подобрена верзија на новиот Ducati V4 мотор и дека ќе биде зголемен бројот на цилиндри. Информацијата доби потврда пред два месеци кога за прв пат на интернет се појавија фотографии од моделот. Се чини дека компанијата се откажа од идејата за нов мотор и наместо тоа ќе имаме само подобрување на актуелната верзија.

Kawasaki Ninja ZX 25R txt 2

Четири цилиндричен Kawasaki Ninja ZX-25r

Во минатото, најмалиот Ninja модел имаше четири цилиндричен мотор. Тој модел постоеше три децении и го имаше на голем број пазари ширум светот. Денеска, 250 е се уште достепен во Азија додека пак во Северна Америка, основниот модел на Ninja е 400. Според гласините, наскоро можеме да очекуваме враќање на 250 со таа разлика што сега ќе има четири цилиндри. Истите извори тврдат дека тој ќе се произведува во фабриката на Kawasaki во Индонезија.

ducati 2020 streetfighter txt 3 12 07

Ducati Streetfighter V4

Иако на почетокот на годината беше забележано тестирање на соголениот V4, прототипот го имаше своето официјално деби за време на Pikes Peak Hill натпреварот. Сепак, за жал неговиот деби настап го одбележа трагичната смрт на Карлин Дан.

suzuki dr big txt 4 12 07

Suzuki DR Big

Suzuki DR Big беше моделот кој го одбележа авантуристичкиот сегмент во деведесетите години од минатиот век. После една деценија на пазарот моделот исчезна но се чини дека наскоро би можеле да видиме враќање на големиот мотоцикл на Suzuki.

Мотоциклот, можеби нема да биде истиот на кој сме навикнати, туку наместо тоа би требало да биде модерна верзија на 1,000cc twin. Неодамна во Европа беше забележан AVD Suzuki а тоа само уште повеќе ги засили гласините дека наскоро ќе имаме враќање на DR Big.

indian street txt 5 12 07

Indian FTR 1200 Street

Оваа година Indian направи полн погодок со преставувањето на FTR 1200. Новиот модел е во целосна спротивност од карактеристичните модели на компанијата и преставува нова опција која треба да ја привлече помладата генерација на возачи.

Со одглед на тоа дека новиот модел одлично беше прифатен од публиката, не би ме изненадило доколку Indian одлучи да извлече максимална корист од новата платформа. Според неколку документи од компанијата кои се појавија на интернет, Appollo моторот би требало да се најде кај новите улични и авантуристички модели. Според ова можеме да претпоставиме дека FTR ќе има две варијанти. “Appollo Street” би требало да се појави како модел за сезоната 2020 додека пак “Appollo Adventure” би требало да се појави во 2021 година.

triumph daytona 765 txt 6 12 07

Triumph Daytona 765

Сигурен сум дека ви недостига Deytona. Забележан за време на тестовите во Шпанија, овој 765cc мотор кој се користи во Moto2 наскоро ќе се најде и кај уличните верзии. Triumph стана официјален партнер на серијата и разви нови 765cc, три цилиндрични мотори. А бидејќи не сакаше овој мотор да биде искористен само од малкумина професионални тркачи, компанијата одлучи повторно да ја врати популарноста на Daytona која овој пат ќе има нов мотор. Со оглед на тоа дека во моментов се уште се прават тестирањата, можеме да очекуваме дека новата Daytona на пазарот ќе се најде некаде во 2020 година.

ducati multistrada txt 7 12 09

Ducati Multistrada V4

Ова е најновата информација во однос на Ducati. После Panigale и Streetfighter, се чини дека Multistdata е најновиот модел кој ќе го добие V4. Тој веќе е забележан за време на тестирање во нивната компанија, но немаме официјални фотографии со кои можеме да го потврдиме ова. А со оглед на тоа дека Ducati планира во целост да ја искористи новата платформа, Multistrada V4 би бил логичен следен чекор на компанијата.

Honda Africa Twin 850 txt 9 12 07

Honda Africa Twin 1100 и 850

Во последниов период има голем број на информации кои се однесуваат на Honda Africa Twin. Веќе долго време се зборува дека наскоро кај моделот би можеле да очекуваме промени а доколку гласините се покажат клако точни, тогаш наместо еден би можеле да имаме два модели од познатиот авантуристички мотоцикл.

Најпрвин се појавија информации дека новиот мотоцикл ќе има нов и поголем мотор кој би можел да достигне и до 1100cc. И онака моќнотот мотоцикл, со ова би станал уште подобар. Но во исто време се појавија и информации дека на пазарот би требало да се појави и една средна верзија на моделот и дека компанијата веќе работи на Africa Twin 850. Во тој момент ни стана јасно зошто би имало зголемување на моќноста кај оригиналната верзија.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Викендов се вози 14-та трка од МотоГП шампионатот на патеката Арагон во Шпанија.

Стурџис, мал град во Јужна Дакота, САД, е место за кое најверојатно немате слушнато освен ако не го следите релито “Sturgis Motorcycle”.

Кои возачи можат да му се спротистават на Марк Маркез на трката која овој викенд се вози во Арагон.

Авантуристичките модели во моментов се едни од најпродаваните мотоцикли во светот. Но дали ги знаете најчестите грешки кои ги прават возачите на вакви мотоцикли? Еве како да ги избегнете.

КТМ одлучи веднаш да го замени Јохан Зарко.

Мото клубот Вардар слави 41 година од своето формирање.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.