Дали слушнавте? Yamaha најави промени кај 2020 Yamaha YZF-R1 и 2020 Yamaha YZF-R1M а двата модели ги престави овој викенд за време на трката од WorldSBK шампионатот која се возеше во Лагуна Сека.
Дали слушнавте? Yamaha најави промени кај 2020 Yamaha YZF-R1 и 2020 Yamaha YZF-R1M а двата модели ги престави овој викенд за време на трката од WorldSBK шампионатот која се возеше во Лагуна Сека.
Како што ни открија нашите извори, станува збор за мали промени кои треба да ги направат овие мотоцикли на исто ниво со нивните ривали.
За Yamaha YZF-R1, ова на одреден начин преставува еволуција наместо револуција. Промени има кај главата на цилиндарот, воздушната кутија, каросеријата, софтверот и суспензијата.
Но главните промени кај новиот R1 се наоѓаат кај моторот кој има четири цилиндри, нови вбризгувачи на гориво но и уште неколку други нови делови.

Моторот има и нов „ride-by-wire“ контролен систем кој комплетно ја елиминира потребата од кабли кои ја поврзуваат гаста. Со ова се намалува целокупната тежина на мотоциклот. Промени има и кај електрониката а како дел од новиот пакет е системот за моторно сопирање.
Доколлу сакате, можете да ги прилагодите ABS сопирачките. Од Yamaha велат дека возачот сега ќе може да ја одбере “BC1” опцијата за сопирање на правец или пак “BC2” опцијата која е наменета за подобро сопирање во свиоците.
YZF-R1 и YZR-R1M имаат и нови компоненти на суспензијата а моделот R1 доби KYB вилушка. Во меѓувреме, R1M има Öhlins ERS предна вилушка. И двата мотоцикли имаат нови сетинзи на задните амортизери.
Промени има и во однос на изгледот. Кај YZF-R1 има промени кај предните светла додека пак кај R1M, задниот дел од мотоциклот е изработен од јаглеродни влакна.
Двата мотоцикли имаат комплетно нови предни сопирачки а исто така се опремени и со Bridgestone RS11 пневматици.
Севкупно гледано, промените кај R1 и R1M се направени со цел мотоциклите да бидат компетитивни во однос на моделите кои ги нудат другите производители. Тие исто така ќе му овозможат на тркачкиот тим да ги исполни новите хомологациски правила.
Мотоциклите се очекува да се најдат во продажба во септември.
2020 Yamaha YZF-R1
Yamaha YZF-R1M

Коментари