Мотоцикли

Претставен Triumph Tiger 900

Официјално е претставен новиот Triumph Tiger 900. Еве ги неговите спецификации.

Следете нè на:

 

Официјално е претставен новиот Triumph Tiger 900. Еве ги неговите спецификации.

Новиот Triumph Tiger 900 официјално беше претставен на специјален настан кој беше организиран во просториите на фабриката во Хинкли. Машината го има новиот 900cc мотор кој е во согласност со Euro5 правилата, нов TFT екран, неколку режими на возење како и значително променет изглед.

Претставен во 2010 година, Tiger 800 веднаш стана фаворит кај возачите благодарение на моторот, шасијата како и лесното управување. Новиот Tiger 900 има голем број на нови додатоци како и промени во изгледот. Еве се што треба да знаете за оваа машина.

Tiger 900 txt 1 05 12

Што е ново кај Triumph Tiger 900

- Нов 20 литарски резервоар за гориво.

- Контрола на тракцијата и ABS сопирачки.

- LED светла.

- Менувач - GT Pro и Rally Pro.

- Променет изглед.

- Brembo Stylema клипови.

tiger 900 txt 2 05 12

Мотор

Како и кај повеќето мотоцикли кои сакаат да извлечат максимум од новите регулации за штетни гасови, најновиот Tiger доби подобрување во форма на 900cc, три-цилиндричен мотор. Од компанијата тврдат дека преносот на моќта е многу подобар кај новата машина. И перформансите се подобри во споредба со претходната верзија и сега имаме 87Nm при 7,250rpm.

tiger 900 txt 3 05 12

Нови имиња, режими на возење и спецификации

Иако новите мотоцикли се уште ги имаат обележјата кои веќе 80 години се карактеристични за оваа компанија, сега е многу појасна распределбата внатре во самиот бренд. Веќе ги нема конфузните XC, XR, XCA и XRT категории. Наместо тоа имаме три нови модели.

- Tiger 900 Rally и Rally Pro – Дизајниран за оф-роуд авантура.

- Tiger 900 GT и GT Pro – Дизајниран за подолги дестинации.

- Tiger 900 – Основниот модел на 2020 Triumph Tiger 900

tiger 900 txt 4 05 12

Со цел машината да се искачи на врвот од авантуристичкиот сегмент, кај GT, GT Pro, Rally и Rally Pro верзиите на мотоциклот сега имаме ABS сопирачки кои се контролирани од IMU како и систем за контрола на тракцијата.

Слично како и кај постарата верзија на Tiger, и кај новиот Tiger 900 имаме неколку режими на возење.

- Tiger 900 Rally Pro: Дожд, улица, спорт, оф-роуд,

- Tiger 900 GT Pro: Дожд, улица, спорт, оф-роуд и Rider-configurable

- Tiger 900 Rally и Tiger 900 GT: Дожд, улица, спорт, оф-роуд

- Tiger 900: Дожд и улица

tiger 900 txt 5 05 12

Верзиите GT, GT Pro, Rally и Rally Pro исто така имаат и голем број на додатоци кои ќе ви го олеснат возењето, меѓу кои се контролата на патувањето како и загреаните рачки. Кај GT Pro и Rally Pro моделите исто така имате опција и да го загреете седиштето а како стандарден дел доаѓа контролата на притисокот на пневматиците.

Основната верзија на Tiger 900 има TFT екран со големина од 12 сантиметри. Кај останатите модели неговата големина изнесува 17 сантиметри. Triumph тврдат дека на него ќе можете да го приклучите вашиот телефон. Кај GT Pro и Rally Pro верзиите ќе можете да ја користите мапата за навигација.

tiger 900 txt 6 05 12

Tiger 900 GT Pro добива електронска задна суспензија

GT Pro верзијата има врвна, електронска задна суспензија од Marzocchi. За прв пат нешто вакво може да се најде кај авантуристички модел од средната класа. Системот овозможува возачот сам да ја прилагоди задната суспензија а сето тоа може да го направите на TFT екранот. Возачите ќе можат да одберат една од деветте опции, од комфорт(најмека) па се до спорт(најтврда).

Останатите модели претежно имаат Marzocchi единици. Кај Rally Pro верзијата на мотоциклот има Showa прилагодлива суспензија.

tiger 900 txt 7 05 12

Triumph Tiger 900 – Спецификации

 

TIGER 900

TIGER 900

GT

TIGER 900

GT PRO

TIGER 900

RALLY

TIGER 900

RALLY PRO

Engine Type

Liquid-cooled, 12 valve, DOHC, in-line 3-cylinder

Capacity

888 cc

Bore Stroke

78 x 61.9 mm

Compression

11.27:1

Max Power

95.2 PS / 93.9 bhp (70 kW) @ 8,750 rpm

Max Torque

87 Nm @ 7,250 rpm

System

Multipoint sequential electronic fuel injection

Exhaust

Stainless steel 3 into 1 header system, side mounted stainless steel silencer

Final Drive

O-ring chain

Clutch

Wet, multi-plate

Gearbox

6 speed

Frame

Tubular steel frame, bolt on sub frame

Swingarm

Twin-sided, cast aluminium alloy

Front Wheel

Cast alloy, 19 x 2.5 in 

Spoked Tubeless, 21 x 2.15 in

Rear Wheel

Cast alloy, 17 x 4.25 in

Spoked Tubeless, 17 x 4.25 in

Front Tyre

100/90-19

90/90-21

Rear Tyre

150/70R17

150/70R17

Front Suspension

Marzocchi 45mm upside down forks, non-adjustable

Marzocchi 45mm upside down forks, manual rebound and compression damping adjustment, 180mm travel

(140mm GT LRH)

Showa 45mm upside down forks, manual preload, rebound damping and compression damping adjustment, 240mm travel

Rear Suspension

Marzocchi rear suspension unit, manual preload adjustment, 170mm rear wheel travel

Marzocchi rear suspension unit, manual preload and rebound damping adjustment, 170mm wheel travel (151mm LRH)

Marzocchi rear suspension unit, electronically adjustable preload and rebound damping, 170mm wheel travel

Showa rear suspension unit, manual preload and rebound damping adjustment, 230mm wheel travel

Front Brake

Twin 320mm floating discs, Brembo Stylema 4 piston Monobloc calipers. Radial front master cylinder, ABS

Twin 320mm floating discs, Brembo Stylema 4 piston Monobloc calipers. Radial front master cylinder, Optimised Cornering ABS

   

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

„Можеби за време на тестот нема да можам да го извозам планираниот број на кругови“ – Марк Маркез

„Yamaha работи напорно и ќе се обиде уредот да биде готов за тестот во Малезија“- Маверик Вињалес

Компанијата Мото-Пром од Гевгелија од неодамна е новиот увозник на брендот Кавасаки за Македонија.

Макс Биаџи и Хју Андерсон ќе му се приклучат на Хорхе Лоренцо и оваа сезона ќе станат дел од MotoGP Legends листата.

Стартот на оваа година веќе ни навестува дека таа ќе биде многу интересна и возбудлива, особено за Motul. 

„Имам слушнато многу работи за Кени Робертс, дека тој е еден од возачите кој го има променето самиот концепт. Марк е ист како него, тој го промени начинот на кој возиме“ – Данило Петручи.

Реклами

Листа на мото настани

  • 22 Февруари 2020 - 22 Февруари 2020
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.