Иновативниот Damon Hypersport Pro се продаде за само четири дена а Канадската компанија откри дека планира да инвестира во негово производство.
Првата пратка од новиот Damon Hypersport Pro според информациите се продаде за само четири дена. Ова ја натера компанијата да вложи дополнителни средства во негово производство.
Канадската старт ап компанија стана една од најозборуваните за време на „Consumer Electronics“ шоуто кое се оддржа во Лас Вегас минатата година кога за прв пат го претстави електричниот супербајк, Hypersport, кој има високите перформанси и нула емисија на штетни гасови.
Машината има 200 коњски сили и максимална брзина од 321 км/ч. Со едно полнење можете да поминете помеѓу 300 и 400 километри. Благодарение на радарот кој го има овој мотоцикл, возачот има целосен преглед на околината околу него. А мораме да признаеме и дека неговиот изглед е навистина фантастичен.
Иако воопшто не е ефтин, верзијата Pro изнесува 39,995 долари, потенцијалните купувачи се импресионирани и веќе почнаа со купување. Веднаш беа продадени 25 модели а тоа ги натера првите луѓе на компанијата сериозно да размислат за развојот на Hypersport Pro.
Во интервју за Proactive, извршниот директор на компанијата, Џеј Жиру, вели дека мотоциклите ќе пристигнат за година и половина и дека нивната фабрика во Ванкувер може да произведе 1500 машини годишно. Веќе има планови и да се зголеми бројот на вработени од 50 на 100 лица.