Мотоцикли

7 интересни факти за Italjet Dragster 2020

На  EICMA 2019, Italjet го престави скутерот кој би можел да го промени мислењето дури и на оние кои не се заинтересирани за вакви превозни средства.

Следете нè на:

 

На  EICMA 2019, Italjet го престави скутерот кој би можел да го промени мислењето дури и на оние кои не се заинтересирани за вакви превозни средства.

Достапен во две големини, 2020 Italjet Dragster 200 и Dragster 125, ни носат еден радикален „нејкед “ изглед во светот на скутерите.

Во Italjet круговите, Dragster е легендарно име а во перидот од 1998 до 2003 година се појавија четири верзии. Дизајнот на новите скутери е инспириран од модерното време во кое живееме а моделите ќе бидат произведени во ограничен број.

1. 2020 Italjet Dragster 125 остава силен впечаток и речиси да нема каросерија. Се може да се види, почнувајќи од предната суспензија, преку рамката па се до задниот амортизер.

2. Dragster 200 и 125 имаат добри мотори. Вообичаено кај скутерите важни се бројот на вртежи. Italjet на овие два скутери им даде моќни мотори. Верзијата 125 има 15 коњски сили и 10,000 rpm. Dragster 200 пак има 20 коњски сили и 8250 rpm. Сето ова е постигнато благодарение на DOHC архитектурата, EFI како и течното ладење. Моделите имаат и CVT.

3. Управувањето е преземено од оригиналниот Dragster дизајн и само се направени мали, модерни, промени. Кај оригиналниот Dragster имаше забелешки во однос на стабилноста но сигурни сме дека Italjet го решил тој проблем кај новите скутери. На двата краја од машината имаме единечна суспензија.

2020 Italjet Dragster 125 txt 2 07 02

4. Двата Dragster скутери имаат голем број на модерни додатоци. Алуминиумска предна вилушка, штитници за рацете како кај MotoGP мотоциклите, како и trellis подрамка. Се чини дека единственото нешто кое недостасува е просторот за багаж. Но сепак, и двата скутери имаат седиште и за сопатникот.

5. Клиповите се од Brembo додека пак пневматиците од Pirelli.

6. Секој од моделите ќе биде произведен во само 499 примероци.

7. Од компанијата велат дека призводството на 2020 Italjet Dragster 200 и 125 ќе почне во втората половина на 2020-та година. Засега не е позната нивната цена. Доколку сакате да го нарачате, ќе треба да оставите депозит од 510 евра.

2020 Italjet Dragster 125 txt 2 07 03

Мотор

  • Type: Four-stroke single
  • Displacement: 200cc (125: 125cc)
  • Bore x stroke: 63 x 58mm (125: 58 x 47mm)
  • Maximum power: 19.8 horsepower @ 8250 rpm (125: 14.9 horsepower @ 10,000 rpm)
  • Maximum torque: 12.5 ft/lbs @ 6250 rpm (125: 9.2 ft/lbs @ 7750 rpm)
  • Valvetrain: DOHC, 4 valves
  • Fueling: EFI
  • Cooling: Liquid
  • Transmission: Fully automatic CVT

2020 Italjet Dragster 125 txt 2 07 04

Шасија

  • Frame: Trellis
  • Front suspension: Independent Steering System w/ spring-preload adjustable piggyback-reservoir shock
  • Rear suspension: Spring-preload adjustable shock
  • Tires: Pirelli
  • Front tire: 120/70 x 12
  • Rear tire: 140/60 x 13
  • Front brake: 240mm disc w/ Brembo caliper
  • Rear brake: 175mm disc w/ Brembo caliper
  • ABS: Standard

Димензии и Капацитет

  • Wheelbase: 53.0 inches
  • Seat height: 30.3 inches
  • Fuel capacity: 1.8 gallons
  • Weight: 238 pounds

Би можело да ве интересира

Motul е официјален партнер на мотоциклите Kawasaki во Германија и соработката помеѓу Motul и Kawasaki резултираше во целосно ново масло, развиено исклучиво за мотоцикли Kawasaki - Kawasaki Lime Green Edition Motul 10W-40 - сега достапно во Македонија!

Патеката Херез во Шпанија ќе биде домаќин на третата трка во сезоната. Во продолжение следува распоредот за сите сесии.

Ривалите на Французинот добро се сеќаваат на минатата година. Но ова е 2021-ва и ништо не е гарантирано.

Хорхе Лоренцо вели дека Марк Маркез возел без никаков страв на првата трка после долгата пауза која ја имаше поради операцијата на раката. Според поранешниот шампион, лошиот баланс помеѓу предната и задната гума е главната причина за излетувањата во Портимао.

Suzuki претстави подобрена верзија на GSX-S1000. Новата машина сега е помоќна од било кога досега.

Реа и ZX-10RR беа подобри од Кал и М1 на патеката во Арагон.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.