После неколку месеци најава, Aprilia го објави новиот Tuono 660, 94bhp parallel-twin спортски мотоцикл.

Следејќи ги стапките на RS660 спортскиот мотоцикл, кој беше преставен кон крајот на минатата година, Tuono има тежина од 183 килограми и ја дели истата алуминиумска рамка и „two-pot “ мотор со неговиот брат.

Оваа 659cc parallel twin-cylinder машина има 270-degree crank и во суштина е предната половина од V4 единицата која може да се најде кај RSV4 1100. Со поголем заден запчаник, Aprilia исто така ќе престави и 47bhp A2 верзија наменета за помладите возачи.

Дизајниран да биде попристапна алтернатива на RS, мотоциклот има алуминиумска рамка. Исто така има и алуминиумска задна вилушка и прилагодлива Kayaba суспензија. Иако шасијата е иста како и кај RS, KYB амортизерите имаат сопствен, уникатен, сетап.

За се да биде во ред се грижи сет на електронски помагала, почнувајќи од контрола на тракцијата на неколку нивоа, контрола на патувањето како и ABS.

Aprilia Tuono 660 03

Исто така имате и пет режими на возење кои можат да се подесуваат преку TFT екранот. Три од овие режими се наменети за возење по улица а останатите два се за тркачката патека. Останува на вас да одлучите каде сакате да ја возите оваа машина.

Бојата на овој мотоцикл е позајмена од поголемиот Aprilia Tuono V4 1100 Factory.

Со оглед на сите работи кои ги споменавме, очекуваме оваа машина да се најде некаде помеѓу KTM 790 Duke, Triumph Street Triple и Yamaha MT-09, во однос на цена и перформанси.

Back To Top