Мотоцикли

Збогум стар пријателу: Euro5 значи крај за некои омилени мотоцикли

Оваа година лесно може да се претвори во една од највозбудливите години кога зборуваме за мотоциклите. Веќе се преставени повеќе од 60 модели а наскоро на пазарот ќе се појават уште машини.

Следете нè на:

 

Оваа година лесно може да се претвори во една од највозбудливите години кога зборуваме за мотоциклите. Веќе се преставени повеќе од 60 модели а наскоро на пазарот ќе се појават уште машини.

Една од причините за ваквиот голем број се новите Euro5 регулации кои стапија на сила на 1-ви јануари. Ова сепак има и лоша страна, а тоа е дека многу од нашите омилени мотоцикли ќе заминат во историјата.

Сигурно за многумина една од најголемите загуби ќе биде FJR1300A на Yamaha. Оваа машина на пазарот постои уште од 2001 година и многу е почитувана од страна на возачите. Кога овој мотоцикл беше на врвот, речиси сите производители во својата линија на машини се обидуваа да имаат „sports tourer“ мотоцикл со поголем капацитет.  А со цел да го одбележи јубилејот од 20 години, Yamaha минатата година на пазарот ја престави „Ultimate“ верзијата.

Honda VFR800F

Нешто слично направи и Honda која за сезоната 2021 не ги престави машините од линијата VFR. Тоа во превод значи загуба на VFR800F, VFR800X Crossrunner и VFR1200X Crosstourer.  Иако не сите од овие модели се продаваа во голем број, сепак VFR беше многу почитуван.

Но најтажно е тоа што без VFR моделите, за прв пат по 40 години, линијата на Honda ќе биде без V4.

Yamaha R6 Race

Sports 600 сегментот имаше тешки неколку години.  Некогашниот лидер на пазарот, Yamaha R6, се соочува со тежок период  а 2021-ва ќе биде последна година за оваа машина. Сепак, има мала надеж за оние кои ги сакаат тркачките патеки бидејќи Yamaha ќе продолжи со продажба на R6 Race. Фановите на 600 немаа толку среќа.

Сигурно се прашувате што се случува со другите 600 модели, како што е ZX-6R на Kawasaki.  Од компанијата велат дека овој модел се уште не е во согласност со Euro5 и дека нивните инжинери работат напорно овој мотоцикл наскоро повторно да се најде во производство.

Но нема да се изненадиме доколку и тој тивко исчезне од пазарот.  Фановите на „mid-sized nakeds“ исто така ќе бидат разочарани од фактот дека и Ducati одлучи да го напушти Monster 797, машина која во суштина е последниот „old-school Monster“  благодарение на моторот со воздушно ладење. Тука е и 1200 кој се уште е присутен но не е Euro5.

Yamaha Super Tenere

Дури и авантуристичкиот сегмент губи два мотоцикли: Super Ténéré на Yamaha и Triumph Tiger Sport 1050. И покрај добрата продажба во изминативе години, ниту еден не доминираше како  GS и XR моделите на BMW. И двете машини користат мотор кој не може да се најде на никое друго место и затоа нема економска смисла да се направат потребните промени.

Дури и ретро сегментот губи неколку модели. Yamaha ќе ги напушти XV950R и SCR950, кај Honda тоа ќе бидат CB1100EX и RS, додека пак кај BMW е R nine T Racer верзијата.

Најголема загуба ќе биде „Sportster“ линијата на Harley-Davidson. Сепак, од компанијата велат дека имаат подготвена замена а тоа се Revolution Max мотоциклите.

На очајувајте

Не е се така лошо. Доколку тука видовте некој мотоцикл кој многу ви се допаѓа, тие ќе бидат достапни во мал број и во ограничен период. Компаниите имаат можност до одреден датум да ги продаваат овие машини.

Би можело да ве интересира

Со новиот R 18 Transcontinental, BMW ја надополнува својата R 18 фамилија со т.н. голема американски турер. На овој модел се надоврзува и т.н. бобер, модел кој е именуван едноставно како R 18 B.

Кал Крачлоу ќе го замени возачот на Petronas Yamaha SRT, Франко Морбидели на двете трки во Австрија и следната во Велика Британија.

И покрај тоа што челниците на KTM во 2015 година најавија дека нема повеќе да прават супер брзи мотори кои припаѓаат на патеките а не на улиците, сепак еве демант, барем во некоја рака. 

Дани Педроса, сега тест возачот на Red Bull KTM Factory Racing за прв пат на патеката во Австрија ќе се појави со KTM RC16 во натпреварувачка конкуренција. 

Givi во својата богата понуда вклучи и универзално светло чија задача ќе биде да ја осветлува внатрешноста на вашиот куфер. 

Од чилеанскиот Каретера аустрал до украинските карпати, од канадските прерии до европските најпопуларни места за возење, глобалната мото заедница за прв пат се обедини и возеше, и виртуелно и физички, на првиот THE WORLD ADVENTURE WEEK организиран од страна на KTM и апликацијата Riser.

Реклами

Листа на мото настани

  • 30 Јули 2021 - 01 Август 2021
  • Мотодом Џинка
  • Планина Плачковица

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.