Мотоцикли

Преглед: 2020 Honda Africa Twin Adventure Sports ES DCT

Оваа година Honda направи промени кај Africa Twin платформата.

Следете нè на:

 

Оваа година Honda направи промени кај Africa Twin платформата.

Во 2020-та дебитираше Honda Africa Twin Adventure Sports ES DCT. Буквите ES значат електронска суспензија. Заедно со зголемувањето од 86cc, слободно можеме да кажеме дека Africa Twin е дел од премиум категоријата.

2020 Honda Africa Twin Adventure Sports ES DCT Review ADV motorcycle 2

1. Не е лесно да се категоризира 2020 Honda Africa Twin Adventure Sports ES DCT

Тој има 21-/18 инчни пневматици подготвени за оф роуд возење. Сепак, Adventure Sports ознаката ни сугерира дека тој е дел од AT линијата која е повеќе ориентирана кон возење по улица. Од компанијата ја намалија суспензијата кај AS верзијата и затоа сме изненадени што инжинерите не се одлучија за 19-/17 инчни бандажи. AT AS има 24 литарски резервоар кој асоцира на оф роуд возење. Додатокот на полу активната суспензија дефинитивно ги подобрува перформансите доколку возите на улица.

2. Дополнителните 86cc доаѓаат од зголемениот stroke.

Тоа значи дека целта е бројот на вртежи, што преставува добар избор кога зборуваме за авантуристичките мотоцикли. Од Honda велат дека новиот 1084cc мотор има зголемување од 6 проценти во однос на коњските сили, нешто што секако е добредојдено. Промени има и кај издувот и дотокот на воздух. Можеби има Спорт во името но сметаме дека Туринг повеќе би одговарало.

3. Electronically Equipped Ride Adjustment е бренд името на Јапонската компанија за нивната активна суспензија.

Многу ни се допаѓа активната суспензија а прилагодувањата одлично функционираат кај Africa Twin Adventure Sport. Со помош на шест оскениот IMU како и skyhook софтверот, шасијата обезбедува фантастична стабилност за сите авантуристи. Тоа најдобро може да се воочи доколку го следите движењето на возачите кои имаат традиционална суспензија.

2020 Honda Africa Twin Adventure Sports ES DCT Review ADV motorcycle 8

4. Прилагодувањата на суспензијата можат да се направат преку копчињата на левата страна на рачката или преку 6.5 инчниот TFT дисплеј.

Honda нуди четири режими на возење, Tour, Urban, Gravel и Off Road заедно со две опции кои самите можете да ги подесите. Тие овозможуваат голем број на прилагодувања, вклучувајќи четири сетинзи, Hard, Medium, Soft, Off Road и уште неколку подсетинзи. Има и неколку режими кај амортизерите кои можат да се прилагодат, Rider, Rider + Luggage, Rider + Passenger и Rider + Passenger + Luggage. Секој од режимите има по 24 сетинзи. За среќа, режимите на возење кои сами можете да ги подесите можат да се сочуваат за да не мора постојано да правите прилагодувања. Доколку не сакате да притискате на копчињата, тогаш можете директно да притиснете на екранот.

5.Четирите режими на возење прават промени и кај електрониката.

Покрај суспензијата, режимите на возење имаат можност да ја променат моќноста, моторното сопирање,ABS, контролата на тркалото. Но како и кај многу од овие прилагодувања, треба навистина многу да се разбирате во мотоциклите за да ја забележите разликата.

6. За поголем дел од возачите, четирите основни режими на возење како и двете дополнителни опции се доволно.

На мојот мотоцикл User 1 е поставен за возење по улица а User 2 е наменет за оф роуд возење. User 1 се базира на Tour режимот и има максимално моторно сопирање како и малку поголем контакт на мотоциклот со површината. Кај User 2 имам оф роуд сетап.

2020 Honda Africa Twin Adventure Sports ES DCT Review ADV motorcycle 15

7. Ако се ова не ви е доволно, тука се и неколкуте DCT сетинзи.

Вашиот прв избор е да одберете Drive или Sport режим. Кај Drive режимот, менувањето на брзини е многу побрзо и ќе ви треба малку време за да се навикнете. Кај Sport режимот менувањето на брзините зависи од вас и е многу помазно.

8. Некој во Honda лобирал Sport режимот да има три нивоа.

Во суштина тие не се разликуваат премногу меѓу себе. Менувањето делува природно кај највисокото ниво а јас би го одбрал Drive режимот само ако врне. Треба да сте многу пребирлив за да имате омилено Sport ниво, освен најагресивното.

9. Откако го одбравте DCT режимот, можете да го употребувате кумплугот кај стапалото за да менувате брзини.

Но и без да го направите тоа, DCT ќе ви помогне во возењето. Системот може сам да ја намали брзината во која возите но не може да ја зголеми. Најагресивните возачи веројатно ќе го искористат овој начин на менување на брзините со цел да уживаат во промената која доаѓа со секое менување. Но сепак, тоа не е потребно.

2020 Honda Africa Twin Adventure Sports ES DCT Review ADV motorcycle 13

10. Упатството за 2020 Honda Africa Twin Adventure Sports ES DCT има 376 страни.

Од нив, речиси третина се однесуваат на работтие кои ги гледате на TFT екранот. Од самото упатство можеме да заклучиме дека AT AS ES DCT, технолошки е навистина комплексна машина. Но иако упатството е во ред, не е доволно интуитивно. Но штом еднаш ќе ја подесите машината, едноставно само возете.

11. Откако ќе ја подесите Adventure Sport опцијата која ви се допаѓа, сигурно ќе се заљубите во мотоциклот.

Тој е навистина одличен за возење и со него ќе поминете илјадници километри на различни рути. Суспензијата кај AT AS е фантастична а добро е и управувањето.

12.  21 инчното тркало е во ред но повеќе би ја сакале 17-/19 инчи комбинацијата.

Сигурни сме дека Honda ја испробала и оваа комбинација но поради одредена причина се откажале од оваа идеја. За среќа управувањето е одлично дури и без нашата сугестија. Сиот кредит оди кон Bridgestone Battlax Adventure A41 пневматиците, кој обезбедуваат одлична стабилност во свиоците иако предната гума е 90 милиметри широка.

2020 Honda Africa Twin Adventure Sports ES DCT Review ADV motorcycle 4

13. Со поголемата моќност доаѓа и поголема самодоверба кога возите на автопат.

Поголем дел од времето нема да ви требаат дополнителните 86cc, но знајте дека тие се тука ако треба да претекнете некое побавно возило кое се наоѓа пред вас. DCT соодветно ќе реагира ако посилно притиснете на гаста.

14. Од вас зависат перформансите на DCT кога сте во некој свиок.

Ако возите низ некој кањон и поагресивно притискате на сопирачките, DCT веднаш реагира. Кај оние пак кои сакаат поудобно возење и минимално притискање на сопирачките, DCT многу ретко реагира. Adventure Sports ES DCT е навистина прилагодлив мотоцикл и секогаш ќе бидете задоволни се додека не заборавите дека всушност се наоѓате на 250 килограми тешка авантуристичка машина.

15. Honda ја позиционира 2020 Africa Twin Adventure Sports ES DCT како врв во туринг сегментот.

Секако дека на располагање ја имате опцијата да купите Gold Wing и да бидете главен на автопатите. Но ако ја одберете AT AS ES DCT опцијата, тогаш ќе можете да возите по сите оние оф роуд патишта на кој сте им се воодушевувале во минатото. Adventure Sport доаѓа со резервоар кој собира 24 литри, повисоко ветробранско стакло, загреани рачки. Да не заборавиме, DCT има и сопирачка наменета за паркирање и можете да ја употребите секој пат кога се паркирате.

2020 Honda Africa Twin Adventure Sports ES DCT Review ADV motorcycle 7

16. Нашиот тест мотоцикл беше опремен со неколку туринг додатоци.

Алуминиумските држачи на багажот (764 долари за двете) се прекрасни и навистина функционални. Тие се издржливи и имаат голем капацитет, 37 литри на левата страна и 33 литри на десната страна.

`17. 2020 Africa Twin Adventure Sports ES DCT го прави сето она што е потребно од еден мотоцикл, ве тера да сакате да возите што е можно повеќе.

Секој пат кога ќе го видам Adventure Sports во гаражата, сакам веднаш да се качам на него и почнам да возам. За еден мотоцикл да биде успешен, тој треба да прави возачот да се чуствува удобно. Изгледот на авантуристичките мотоцикли знае да биде контроверзен но Honda направи AT да изгледа навистина убаво.

Стил на возење

  • Helmet: Arai XD4
  • Jacket: Alpinestars Valparaiso 2 Drystar
  • Chest protection: Alpinestars KR-Cl
  • Back protection: Alpinestars Nucleon KR-Cell
  • Gloves: Alpinestars Andes Touring Outdry
  • Pants: Alpinestars Bryce
  • Boots: Gaerne Stelvio Aquatech

Спецификации: 2020 Honda Africa Twin Adventure Sports ES DCT

Мотор

  • Type: Parallel twin
  • Displacement: 1084cc
  • Bore x stroke: 92.0 x 81.5mm
  • Compression ratio: 10.1:1
  • Valvetrain: SOHC, 4vpc
  • Fueling: Two 44mm throttle bodies
  • Transmission: 6-speed
  • Clutch: Fully and semi-automatic DCT w/ slipper function
  • Final drive: 525 chain

Шасија

  • Frame: Steel, semi-double cradle
  • Front suspension; travel: Electronically adjustable semi-active Showa 45mm inverted fork; 9.1 inches
  • Rear suspension; travel: Linkage-assisted, electronically adjustable, semi-active Showa remote reservoir shock; 8.7 inches
  • Tires: Bridgestone Battlax Adventure A41
  • Front tire: 90/90 x 21
  • Rear tire: 150/70 x 18
  • Front brakes: 310mm floating discs w/ radially mounted four-piston calipers
  • Rear brake: 256mm disc w/ single-piston caliper
  • Parking brake: Cable-actuated single-piston caliper on rear disc
  • ABS: Cornering aware; defeatable

Димензии и Капацитет

  • Wheelbase: 62.0 inches
  • Rake: 27.5 degrees
  • Trail: 4.4 inches
  • Seat height: 34.3 inches (33.5 inches in Low position)
  • Ground clearance: 9.8 inches
  • Fuel capacity: 6.5 gallons
  • Curb weight: 553 pounds
  • Color: Pearl Glare White/Blue

Цена: $17,999 

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Еден од најперспективните млади Мотокрос возачи во класата MX85 Антонио Дамјановски од Битола оваа сезона ќе настапува со лиценца од мото клубот „Enduro Team Vodno“ од Скопје.

Ducati стана вториот фабрички тим кој потврди дека ќе остане дел од MotoGP најмалку до 2026 година.

Поранешниот MotoGP возач ќе мора да почека некој друг ден за да дебитира во WorldSBK серијата.

Harley-Davidson малку го зголеми капацитетот кај одредени машини. Наместо 1753cc, Street Bob сега има 1868cc.

Откажувањето на тестот во Катар, поради строгите правила на Малезиската влада, ги промени плановите на MotoGP тимовите.

Како што се приближува стартот на сезоната 2021, Пол Еспаргаро ги сподели неговите размислувања за преминот во еден од најпознатите тимови. Ова е исполнување на сонот, вели Еспаргаро.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.