Мотоцикли

Honda Rebel 300/500 2019

Honda направи целосна промена на еден модел од најпрепознатливата линија на компанијата, Rebel. Достапен како Rebel 300 и 500, оваа променета линија на мотоцикли има мотор со течно ладење како и индукција за вбризгување на гориво со цел да се исполнат строгите правила за емисија на штетни гасови. Спортскиот изглед е одлично надополнување иако Rebel цели кон помалиот (cruiser-mot392) пазар.

Следете нè на:

 

Дизајн

2019 honda rebel 5 1600x0w Design

Има многу модерен изглед. Голем дел од елементите се позајмени од секторот на спортски мотоцикли а тие му даваат елегантен и модерен изглед.

Оригиналниот Rebel за прв пат беше преставен во 1985 година и беше дизајниран да ја рефлектира културата која беше популарна помеѓу возачите на cruzer модели во тоа време. Дизајнот беше многу популарен во тој период. Во 2017 година го добивме истиот популарен, мал крузер, но овој пат опремен со многу нови додатоци. Искусен возач сигурно ќе ги забележи сличностите меѓу двата модела но за обичниот возач тие се два различни модели.

Под предниот амортизер имаме голема предна гума. За разлика од оригиналната верзија, новата генерација има единечно седиште. Можеме да се надеваме само дека седиштето ќе биде поудобно отколку кај оригиналната верзија.Севкупно гледано, имаме мотоцикл кој има многу помодерен изглед и кој има елементи позајмени од секторот на спортски мотоцикли и кои изгледаат многу приодно.

Шасија

2017 honda rebel 22 1600x0w Chassis

Предната вилушка е малку поголема за вака мал мотоцикл и за жал нема опција за прилагодување. Челичната, тубуларна рамка се поврзува со моторот на три точки. Наместо старата „backbone“ рамка, новата рамка има надворешна структура која е многу слична на „Trelis“ рамката. Алуминиумската под рамка која се наоѓа околу задните амортизери прави задниот дел од мотоциклот да биде многу полесен. Доколку сакате можете да ги прилагодите задните амортизер.

Мотоциклите имаат тежина помеѓу 165 и 187 килограми во зависност од моделот кој ќе го одберете и се уште ќе го чувствувате налетот на ветерот како и притисокот од возилата околу вас.

Една од работите кои не се премногу променети е висината на седиштето. Со висина од 71 сантиметар, тоа е за само неколку сантиметри повисоко отколку кај оригиналната верзија. Би можел да кажам дека доколку ова е премногу, тогаш можеби животот на две тркала не е е за вас.

На 16 инчните трката има 130/90 предна и 150/80 задна гума. Со задоволство можам да кажам дека кај овој модел Honda конечно ја напушти задната „drum“ сопирачка. Единечниот клип има 240 mm и 296mm преден диск.Како достапна опција, двата модели имаат ABS сопирачки.

Моќност

2017 honda rebel 16 1600x0w Drivetrain

Моќноста на моторот е многу блиска со онаа кај CBR-R моделите кои имаат слична кубикажа.Може слободно да се каже дека за негова големина, Rebel моделите се прилично моќни.

До овој момент, голем дел од работите беа слични но имаме одредени промени кога станува збор за моторот. Имаме мотор со зафатнина од 286cc и кој има електронски вбризгувач на гориво. Поголемиот од двата мотори има дво цилиндричен распоред со што се зголемува неговата моќност до 471cc.

Шест брзинскиот менувач помага во оддржувањето на бројот на вртежи во одреден опсег а за жал имаме и стандардно квачило. Како и обично, Honda не открива премногу детали но од она што можеме да го забележиме преносот на моќта е многу слична како кај CBR-R моделите.

Цена

2017 honda rebel 19 1600x0w Pricing

Можете да претпоставите дека компанијата малку ги зголеми цените во споредба со моделите од 2018 година.

За 2019 година, Rebel 300 има цена од 4,499 долари без ABS сопирачки а доколку сакате мотоциклот да биде опремен со нив, тогаш цената изнесува 4,749 долари. Цената за моделот 500 изнесува 6,199 долари а доколку додадете дополнителни 300 долари можете да ја добиете верзијата со ABS сопирачки.

Конкуренција

2018 h d street 1600x0w competitors

Rebel и Street 500 се наменети за помладата генерација и како такви нивните карактеристики и изглед се некаде помеѓу спортските и крузер верзии.

Не се важат повеќе нивните поранешни ривали бидејќи тие припаѓаат на минатиот век па затоа ќе го споредам со Harley-Davidson Street 500. Двата модели се наменети за помладата генерација и како такви нивните карактеристики и изглед се некаде помеѓу спортските и крузер верзии. Rebel моделот има Евро/Азиски спортски изглед комбиниран со крузер елементи. Street моделот пак повеќе има „cafe’ racer“ изглед кој исто така е спортски но има има додадено и малку американски стил.

ABS сопирачките се опција и кај двата модели но Harley има додадено безбедносна опција, нешто што го нема кај Honda. За разлика од бојата која е специфична за Honda, Harley својот модел го продава со неколку опции на бои.

Моторот на Harley кој е со зафатнина од 491cc е малку поголем од оној на Honda. Има разлика и во цената. Мотоциклот на Honda се продава по цена од 6,199 долари додека пак Harley за својот Vivid Black модел бара 6,899 долари. Цената расте на 7,194 долари доколку сакате да одберете друга боја.

За крај, на фановите на Harley воопшто нема да им пречи цената на мотоциклот. За останатите, новиот Rebel е навистина атрактивна опција.

Што велат за него

„Колку и да ми се допаѓаше оригиналната верзија, морам да кажам дека и новиот модел е неверојатен. Дизајнот е модерен а и покрај тоа што не изгледа премногу на оригиналната верзија, сепак има свој шарм. Првичниот модел имаше цела култура изградена околу него и само времето ќе покаже дали истото ќе се случи и со новата верзија.“

„Кога прв пат го видов новиот Rebel првото нешто што го кажав беше „Wow!“ Но сега после некое време, навистина не знам што да мислам за него. Модерен е и сигурно ќе привлече нови возачи но се прашувам што ќе кажат тврдокорните фанови на Rebel. Мислам дека го преферирам стариот изглед но ми се допаѓа технологијата која ја има новиот модел.“

Би можело да ве интересира

Дали би купиле Кинески скутер од Австриска компанија кој го има знакот на Ducati?

Пред еден месец пишувавме за тоа како Kawasaki планира да му одговори на Ducati Panigale V4 R кој во моментов доминира во Светскиот Супербајк шампионат.

Алекс Маркез ја прекина лошата серија во Moto2 класата и успеа да стигне до победа на трката која се возеше на патеката во Ле Ман.

Марк Маркез дојде до убедлива победа на трката која се возеше во Франција. На второ и трето место заврши двоецот на Ducati, Андреа Довициозо и Данило Петручи.

„Очекуваше извинување. За што да се извинам? Јас бев оној кој излета надвор од патеката“ – Џек Милер

Фабио Куартараро продолжи онаму каде што застана на минатата трка и постигна најдобро време на првиот слободен тренинг на својата домашна MotoGP трка.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 11 Мај 2019 - 11 Мај 2019
  • Фабрика Партизанка - Индустриска зона

  • 01 Јуни 2019 - 01 Јуни 2019
  • Голозинци
  • Велес

  • 02 Јуни 2019 - 02 Јуни 2019
  • Дом на млади
  • Штип

  • 07 Јуни 2019 - 08 Јуни 2019
  • Нов Парк
  • Свети Николе

  • 14 Јуни 2019 - 16 Јуни 2019
  • Кавадарци

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Gradski Bazen Kumanovo
  • bul.Oktomvriska Revolucija, 1300 Kumanovo

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.