Патеката Плевен во Бугарија викендов ќе биде домаќин на третата трка од Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам на која ќе настапат 6 македонски натпреварувачи.

Христијан Илиоски - Кико, нашиот најдобар мотокрос натпреварувач победи на двете трки од Источно Европскиот шампионат кои викендов се возеа на патеката Крешево во Босна и Херцеговина.

Христијан Илиоски и Драган Ванов викендов ќе настапат на првата трка од Источно Европскиот шампионат во ендуро која се вози на патеката Касториа во Грција.

На втората рунда од Источно Европскиот шампионат во мотокрос која викендов се возеше на патеката Бурса во Турција, Македонија беше претставувана од Борче Костов - Жолт (МК Ноќни Волци) кој на двете трки го освои 8-то место.

На втората трка од Источно Европскиот Шампионат која се возеше на патеката Серес во Грција натпреварувачот во класата SP125 Аргетим Рамадани дојде до првата победа во сезоната.

Мотоциклистичката Федерација на Македонија ќе биде претставувана од 5 возачи во 2 класи. Во класата до 125цм3 (SP Junior) ќе настапуваат Аргетим Рамадани (МК Мотори), Христијан Бузалковски (МК Мотори) и Марин Сугарев (МК Мото Велес). Во класата до 600цм3 (SBKS600) ќе настапат Игор Спиров - Зизи (МК Гого) и Слободан Ивчески - Цобо (МК Сакамото).

Борче Костов - Жолт, Јове Стојков - Јовтиќ, Мирче Ќорнаков, Васко Киров, Саше Трајков, Борис Мојсовски, Никола Дабиќ, Николче Тодоров - Мајорот, Илија Минев, Јован Јовановски и Ангел Ристов се натпреварувачите кои оваа сезона ќе носат бодови за МК Ноќни Волци.

Нашиот најдобар натпреварувач во класата до 125цм3 Аргетим Рамадани успешно ги заврши подготовките пред почетокот на сезоната во брзински мотоциклизам за Источно Европскиот шампионат.

Реклами

Листа на мото настани