Христијан Бузалковски - Бузо во класата SP 125 на Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам го освои третото место во генералниот пласман во својата прва сезона.

kiko pobeda pleven

Христијан Бузалковски - Бузо во класата SP 125 на Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам го освои третото место во генералниот пласман во својата прва сезона.

Сезоната ја започна како и секој почетник, со проблеми на првата трка која не ја заврши заради дефект на моторот на само два круга пред крајот. За среќе тоа не влијаеше на неговата психа, мотоциклот за кусо време беше поправен, па веќе на втората трка заврши на четвртата позиција, со незаборавен фото финиш во кој заостана само 0.103 делови од секундата зад третопласираната Ленкова.

Успехот на Бузалковски дојде на третата трка во сезоната која се возеше во Плевен (Бугарија), тој од таму се врати со пехарот за третото место и најави дека неговата почетничка сезона ќе биде она за што сонува секој тркач. Третото место го повтори на Плевен и еден месец подоцна, во рамките на четвртата рунда од шампионатот, а со истиот успех се врати и од трката во Романија.

buzo3

Минатиот викенд на патеката Плевен се возеше последната трка од Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам на која Бузалковски по четврти пат се искачи на пиедесталот и сосема заслужено го потврди третото место во генералниот пласман.

Остваривме и повеќе од очекуваното бидејќи нашата цел за оваа сезона беше да бидеме некаде на половина на табелата, но напорната работа и вербата во себе ми дадоа сила за да се борам и да остварам што е можно подобар резултат, така да третото место е одличен резултат за еден натпреварувач во неговата прва сезона и уште посилен мотив за да продолжи да се бори и да стигне кон врвот на пиадесталот. Сепак оваа година моторот не ни даваше да одиме погоре од третата позиција, но со помошта од нашите пријатели и спонзори, се надеваме дека следната сезона ке биде многу подобра и ќе се обидеме да се качиме на највисоката скала на пиедесталот.- изјави Бузалковски за motori.com.mk

На Бузалковски му посакуваме многу среќа и успех во понатамошната кариера, и се надеваме дека неговите соништа ќе се исполнат.

Back To Top