Викендов на патеката Тројан во Бугарија се возеше последната трка од Источно Европскиот шампионат во мотокрос, во класата МХ1 нашиот Христијан Илиоски забележа победа, но за жал тоа не беше доволно за првото место во генералниот пласман.
Христијан на шампионатот кој се состоеше од 6 рунди (12 трки) не настапи во Турција заради проблеми со стариот мотор со кој и го започна шампионатот. Фантастичните резултати до крајот не беа доволни за да го помине конкурентот Тодор Тотев кој имаше 2 трки повеќе од Илиоски, па на крајот Кико мора да се задоволи со втората позиција во Источна Европа.
Сепак Илиоски сосема оправдано не е задоволен од резултатот, далеку од тоа дека се работи за слаб резултат, но имајќи во предвид дека со стандарден мотор им дели лекции на конкурентите кои имаат огромна финансиска поддршка, доколку тој би ги имал истите услови сигурно би бил прв. Во продолжение интегрално ја пренесуваме изјавата на Илиоски по крајот на сезоната:
На трката во Тројан-Бугарија, натпревар од Источно Европскиот Шапионат која воедно беше и последна во оваа сезона во истиот, го донесов првото место. Но поради неучество на трката во Турција во генерален пласман сум втор. Пресек на оваа сезона, за мене повторно беше мачно во поглед на тоа што стартував по минатата сезона без помош и во оваа на почетокот со стариот мотор, па истиот се расипа за трката во Турција и немам со што да учествувам и под такви услови и немањето на начин пред сезоната, можеби и немање на вољја на факторите каде се обратив да ме поткрепат инстутуционално мене и мојот резултат јас останав со најмногу победи оваа сезона, но без успех во генерален пласман. Мене оваа сезона ме водеа околностите и моите услови, поради сите тие причини и немање на соодветни услови работев и возев со педесет посто од мојот капацитет. Задоволен од моментот и помошта на INA TV откако ја набавив мојата Yamaha која се покажа како исклучително добар мотор, но за поголем успех и моја сигурност треба да имам повеќе од стандарден мотор. Дури последното патување истрошен од сезоната за мене беше предизвик за да се снајдам да отпатувам. Сите овие моменти кај мене како спортист долги години наназад делуваат и сум многу внимателен и се чувам. Се чувам за подобри услови и поголема работа, но неможам сега со вакви услови сам и без помош повеќе од ова. За мене останува само љубовта и посветеноста, но за резултати потребни се достојни услови.
Не сум задоволен затоа што ти губам титулите! Само од немање слух за мојот резултат кој го носам со голем труд во меѓународни рамки. Само во нашата држава може да не насадат да му никне и никако да најдат начин да го сочуваат. Мојот резултат е доволен за поткрепа, доволен за презентација и доволен за да те помогне државата, знам дека го слушаат, знам дека го гледаат не мал резултат, само незнам зошто толкава слепост и глувост.
Во секој спорт се потребни подготовки и услови за работа за нас спортистите и ако сме во поединечни спортови посебно ако се донесе резултат. Петнаесет години носам меѓународни резултати за институциите како што се Агенцијата за млади и спорт, Мото федерацијата, општината Битола треба да ме помогнат да го презентираат како достоен мојот резултат па после да може и нешто повеќе како спонзори да се најдат зато што успех во поединечен спорт е многу тешка работа посебно во мото крос или воопшто во мото спортовите. А не секоја реченица да е дека треба да си одам од државата. Сегде имаат, во овој спорт врвни спортисти јас сум ви единствениот кој го имате во овој спорт што ви носи први места незнам за догледно време со тежината на овој спорт дали некој ќе го повтори ова во Македонија многу ќе се радувам ако го имам, немојте како пинг понг топче јас немам време за тоа, спортот бара младост, искористете не нас спортистите, сегде го прават тоа, не не бркајте и уништувајте. - завршува Илиоски во своето излагање.