Македонските кросисти кои настапија на трките од Балканскиот шампионат во мотокрос на патеката Крешево во Босна забележаа одлични резултати.

Македонските кросисти кои настапија на трките од Балканскиот шампионат во мотокрос на патеката Крешево во Босна забележаа одлични резултати.

Во класата МХ1 МФМ имаше двајца претставници, Христијан Илиоски и Гоце Томовски. Христијан Илиоски (МК Пелистер) во класата МХ1 беше најуспешен во конкуренција на 17 возачи. Тој првата трка ја заврши на втората позиција зад конкурентот Адријан Радута од Романија, но втората трка ја извозе одлично и со освоената прва позиција се враќа во Македонија со пехарот за првото место во класата МХ1.

mx janica 2016 107

Во оваа класа настапи и нашиот Гоце Томовски (МК Гого) кој прикажа одлично возење и на двете трки го забележа 4-то место. Високиот пласман на Томовски му донесе 36 бодови на контото од Балканскиот шампионат во мототкрос.

mx janica 2016 38

Во класата МХ Ветерани уште еден македонец се закити со пехар. Борче Костов (МК Ноќни Волци) имаше одличен настап на двете трки, во првата иако стартуваше последен успеа да дојде до четвртата позиција во класата МХ Ветерани, а во втората трка тој прикажа одлично возење и на крајот заврши на третата позиција. Успешниот настап на Костов во Крешево му донесе нови 31 поен во генералниот пласман.

mx janica 2016 73

Распоредот на шампионатот до крајот на сезоната:

  Датум Место Земја Забелешка
MX01 Март 26-27 Јаница Грција EC65 & EC85
MX02 Април 16-17 Гевгелија Македонија EC65 & EC85 Одложена за 23.10.2016
MX03 Мај 7-8 Каисали Турција Одложена за 24-25.09.2016
MX04 Мај 28-29 Крешево Босна и Херцеговина Само класите MX1, MX2 и MX
MX05 Јуни 18-19 Глобаре Србија EC65 & EC85
MX06 Септември 17-18 Самоков Бугарија  
MX07 Октомври 8-9 Тројан Бугарија  
Back To Top