Љубителите на мотоциклите, добрата храна и позитивната атмосфера повторно ќе имаат причина за дружење на четвртото издание на BikeMeet & Food Fest. Настанот прераснува во традиција која секоја година обединува моторџии, семејства, пријатели и сите оние кои сакаат квалитетна забава на отворено.
BikeMeet & Food Fest vol. IV / 2026 носи уште побогата програма, повеќе мотори, вкусни специјалитети и одлична музика. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во изложба на различни типови мотоцикли, дружење со моторџии од целата земја и регионот, како и во гастрономска понуда подготвена од врвни мајстори на храната.
Настанот е замислен како место каде што се спојуваат страста кон моторите и љубовта кон добрата кујна. Без разлика дали сте искусен моторџија, сопственик на нов мотор, љубител на кафе-рејсер културата, адвенчр турите или едноставно сакате да поминете убав ден со семејството, BikeMeet & Food Fest е вистинското место за вас.
Очекувајте целодневна програма исполнета со интересни моменти, запознавање нови луѓе и незаборавна атмосфера која секоја година привлекува сѐ поголем број посетители.
Наполнете го резервоарот и бидете дел од уште едно незаборавно издание на BikeMeet & Food Fest vol. IV / 2026, на 3ти и 4ти Октомври во Манастирскиот Комплекс “Руса Среда“ на Пеленица, Драчево.

Коментари