Занимливости

Видео: Робот на Акрапович кој тестира мотоцикли

Можеби изгледа како застрашувачка визија за иднината, но роботот на Акрапович му овозможува на Словенечкиот специјалист за издуви да ги тестира своите производи на еден високо технолошки начин.

Следете нè на:

 

Доколку секој ден ова би го тестирал човек тогаш би се појавиле проблеми при внесувањето на информации како што е соодносот на моќноста, бројот на вртежи, притисокот во цевките како и температурата. А доколку се случи и некое физичко оштетување, тогаш не би можело прецизно да се открие причината за проблемот.

jaka klemenc

Токму тука на сцена стапува новиот робот на Акрапович. Во суштина, тој со едната рака ја притиска гаста на еден серво мотоцикл, со другата менува брзини, а со ногата ја притиска задната сопирачка.

Креиран од страна на Италијанскиот специјалист за тестирање, Апиком, тој е изработен според дизајнот на Акрапович. Сите негови акции се претходно програмирани. Акрапович исто така планира и да го изнајмува овој објект на останатите проиводители на мотоцикли.

Научен пристап

Автоматизираниот возач отвора еден сосема нов пристап кон истражувањето на издувните гасови. Преку него, можат да се испробаат голем број на симулации и да се евалуираат резултатите кои ги дава при различни услови. Во следните години ова се очекува да добие на важност со оглед на се построгите правила за емисија на штетни гасови.

Јака Клеменк, главен технички службеник во компанијата вели: „Ова е сосема различна машина. Кај обичен робот, не можете да правите тестови кои ја покажуваат акумулацијата на километража. Целта е да испробаме различни средини на возење. Токму затоа имаме профил за супербајк, профил за ендуро мотоцикли како и за скутери. Дури можеме да симулираме и специфични тркачки патеки.“

„Потоа еден циклус, кој вообичаено трае од 16 до 32 километри, го повторуваме 9600 километри па дури и повеќе. Имаме систем кој постојано го снабдува моторот со гориво, а роботот може да седи таму и до бесконечно да го вози мотоциклот.“

„Еден тест во должина од 9600 километри вообичаено трае еден недела. Мотоциклот постојано вози. Правиме само една четири часовна пауза за да ги провериме издувот, моторот и пневматиците.“

Дел од енергијата која е потребна да го придвижи системот е добиена со помош на 200kW електричен мотор.

Од компанијата веат дека не планираат целосно да ги напуштат тестовите во кои учестуваат луѓе иако системот покажува одлични резултати.

Би можело да ве интересира

Валентино Роси вели дека е убеден дека може да се бори за титулата.

„Сиахрин мора да покаже напредок и подобрување но исто така и да ја намали разликата со тимскиот колега“ – Ерв Поншарал

Кени Робертс зборува за MotoGP сезоната 2019, аеродинамиката, Марк Маркез, недостатокот на возачи кои доаѓаат од САД и уште неколку други работи.

Веќе ви имаме кажано дека Suzuki планира да престави нов модел на пазарот. Сега добивме информација дека големиот оф роуд мотоцикл е забележан на патиштата во Италија.

Еден од најинтересните модели кои ги видовме на мото шуто во Остин, Тексас, беше рачно изработениот мотоцикл на Revival Cycles наречен, Birdcage.

Викендов на патеката Серез во Грција се возеше втората рунда од БМУ Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам на кој настапија 6 македонски возачи.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.